top of page

Реновирање на систем за греење во куќа со промена кон топлински пумпи и сончеви колектори

Зголемената цена на електричната енергија и останатите енергенси, неизвесноста од достапност и постојаност на снабдувањето со електрична енергија и со енергенси, се повеќе ја наметнуваат потребата и свесноста за користење на обновливи извори за енергетски ефикасно греење и ладење на објектите за индивидуално домување, но и за деловните објекти. Решенијата со топлински пумпи на iDM без или во комбинација со соларен систем ги задоволува сите потреби за греење и ладење на објектите со минимална потреба од електрична енергија, при што овозможуваат врвен комфор на семејствата.


При реновирање на постојниот систем за греење/ ладење, односно термо-техника, важно е да се напомене дека во првата фаза инженерот е должен да направи увид или да побара информации од архитектот (доколку е вклучен во процесот) во однос на планираните изолации на објектот. Без разлика дали се работи за нов објект или реновирање задолжително треба да се направат прецизни топлински пресметки за објектот да биде енергетски ефикасен според минимално дозволени коефициенти и енергетски класи од правилниците за енергетска ефикасност на објекти. Бидејќи сите фази се условени една од друга (архитектура, термотехника, електротехника, водовод...) и воедно заеднички го диктираат темпото на изведба на објектот во целина најдобро е надзорните инженери да бидат усогласени со цел поквалитетна и побрза изведба на објектот. Само со прецизни информации и добро проучен проект, може да се проектира најдоброто можно решение, а изведбата ќе тече непречено без или со минимални недостатоци при тестирање кога опремата се пушта во употреба, со што се намалува времето за нивно прилагодување и отстранување.


Во однос на топлинските пумпи освен минималните барања на производителот за монтажа важно и потребно е да се добие и согласност од архитектот во зависност од дизајнот, согласност од инженер за статика - во однос на фундаментите за топлинските пумпи или носивоста на покривот за соларните системи. Кога реновирањето на целиот објект го прави специјализирана компанија, овие информации е едноставно да се добијат од архитектите и изведувачите, но целиот овој процес е комплициран кога се работи со посебни изведувачи или индивидуални мајстори занаетчии. Во зависност од потребните технички интервенции на самиот објект, зависи и времето за изведба на топлинските пумпи или соларни системи на објектот, бидејќи инженерот за термотехника не може сам да ги реши сите овие технички проблеми.


Доколку опремата е навремено испорачана и објектот нема некои посебни потреби за реновирање од другите фази (кои би придонеле за одолговлекување на изведбата) топлинска пумпа и соларниот систем би можеле во целост да бидат завршени во период од еден месец за помали семејни куќи, или до неколку месеци за поголем комерцијален објект, како што е хотел.

Во зависност од потребите на корисникот, моменталната подготвеност за целосно или делумно реновирање, секогаш препорачуваме доколку се врши комплетно реновирање на објектот со кршење на постојна кошулица да се инсталира подно греење и други неопходни површински системи за греење/ладење за да се добие максимална заштеда со топлинската пумпа.


Се разбира може да останат и постојните системи за греење/ ладење и да се комбинираат со топлинска пумпа, како радијатори, фенкојлери, и во тој случај изведбата тече побрзо, но се намалува ефикасноста на топлинската пумпа и топлинскиот комфор во објектот.


Најважна е вашата одлука за промена на системот за греење со систем од обновливи извори, топлински пумпи, соларни системи, или нивна комбинација, а потоа дојдете кај нас ќе поразговараме, ќе ја снимиме ситуацијата и ќе ви понудиме идеално решение за вашиот комфор и оптимално за вашиот буџет, и ќе го реализираме истото.

留言


bottom of page