DOMEKT

DOMEKT серијата на клима комори се дизајнирани за вентилација на станбени објекти со површина од 40m² до 250 m².

Две функции во еден DOMEKT уред:

  1. Вентилација на просторијата, односно довод на свеж воздух и отстранување и рекуперација на топлина.

  2. Извлекување на исористениот воздуг од шпорет или тоалет и во исто време одржувајќи баланс на потребниот и отстранетиот воздух

Помагаат да се зачува до 92% од топлината.Клима коморите се комплетно подготвени за инсталација; само PLUG&PLAY. DOMEKT коморите се особено тивки. Компактната и универзална конструкција на клима комората помагаат да се интегрира како сет во кујнискиот мебел. Можно е да се закачат на ѕид, таван, или да се постават на под. Уредите имаат лесна и едноставна монтажа: секоја единица има интегриран систем за контрола и се испорачува со комплетна автоматика. Серијата DOMEKT нуди стандардизиран опсег на апарати со ротационен или плочаст топлински изменувач. Опсегот на перформансите на уредите е од 50 m³/h to 1000 m³/h.

Должејќи се на паметниот дизајни и функционирањето на уредите, овие апарати работат со ниски трошоци. Тие се безбедни, сигурни и издржливи во работењето. Просториите се снабдуваат со филтриран воздух, што е особено препорачливо за лица со алергии.

RHP

RHP стандардните серии за управување со воздухот содржат ротационен разменувач на топлина и интегрирана топлинска пумпа. Оперативниот капацитет се движи од 150 m³/h  до 1500 m³/h.

Професионалните серии на RHP единиците со ротационен топлински изменувач и интегрирана топлинска пумпа за проток на воздух од 1 200 m³/h до 25 000 m³/h , можат да се изберат соодветно да одговараа на одредени професионални проекти.  Интегрираната технологија за топлинска пумпа ги проширува перформансите на уредите. Единицата не само што врши вентилација туку и ги загрева и ги лади просториите. Со тоа се обезбедува висока ефикасност поради две фази на обноување на енергијата ( со ротирачки изменувач на топлина и со топлинска пумпа).

VERSO

Серијата VERSO се состои од две групи: VERSO STANDARD 1000-7000 е стандардизиран асортиман на единици за климатизација на VERSO и  VERSO PRO 10-110 единици кои се дизјанирани да одговараат на одредени професионални проекти.

Апаратите можат да бидат со рекуперација на топлина или само со единица за снабдување со воздух.

VERSO STANDARD единиците се базираат на принципот PLUG&PLAY, секоја единица има интегриран систем за контрола и се испорачува со комплетна автоматика инсталирана внатре во уредот. Протокот на воздух се движи од 1000 m³/h до 8000 m³/h .

 VERSO PRO имаат широки можности за дизајн. Погодни се за внатрешна или надворешна монтажа. Секоја единица има интегриран систем за контрола и се испорачува со комплетна автоматика. Протокот на воздух се движи од 1000 m³/h до 40 000 m³/h.

  • Facebook

Контакт

ЕНЕКС Гроуп Инженеринг

Симеон Кавракиров 20-1/2

1000 Skopje

+389 2 5110347

e-mail: info@eneks.mk

https://www.eneks.mk/