
Сончева енергија: Неограничена, 100% бесплатна, 100% чиста
Секој ден сонцето ослободува огромно количество на енергија- 100% чиста и 100% бесплатна.
За добивање на топла вода и греење во објектот, ништо не може да се спореди со соларните термални решенија. Во соларните термални решенија топлина се користи директно, наместо да биде префрлена во друг вид енергија. Ова ги минимизира загубите на енергија и резултира во зголемена ефикасност во споредба со било кое друго решение за греење.
ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Соларната енергија не загадува; ефикасна е и не прави никаква бучава. Соларната енергија избегнува експлоатација на природата и помага во зачувувањето на нашата планета!
ЕКОНОМИЈА
После инсталацијата, енергијата која ќе ја добивате од соларното решение е бесплатна. Колку повеќе ќе се зголемува цената на електричната енергија, нафтата и гасот толку поголеми ќе ви бидат заштедите.
НЕЗАВИСНОСТ
Ефикасното соларно решение ќе ви даде можност да добиете независност од традиционалните енергетски снабдувачи и помага да се задржат трошоците за енергија на ниско ниво.
ВИСОК ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЗАШТЕДИ СО ТОПЛА ВОДА И ГРЕЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ
Општо земено 2/3 од трошоците за енергија во домаќинствата доаѓаат од топла вода и греење, и за среќа соларните решенија се најефикасните решенија за топла вода и греење кои ви нудат највисок потенцијал на заштеди.
ТОПЛА ВОДА
Соларните решенија за топла вода можат да покријат до 75% од вкупните потреби за свежа, хигиенска топла вода.
ПОДРШКА НА ГРЕЕЊЕ
Соларните решенија за поддршка на греењето можат да покријат до 40% од потребите за греење на објектот покрај горенаведеното производство на топла вода. Искомбинирајте го решението со вашата топлинска пумпа и покријте до 40% од вашите потреби за греење
ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Сонцето со помош на фотоволтажните системи ни овозможува да ги задоволиме своите потреби за електрична енергија.Фотоволтаиокот во комбинација за Навигатор контролерот од IDM топлинските пумпи е совршено решение за енергетска независност и врвна енергетска ефикасност.