Соларни системи за топла вода и подршка на греење 

Решенијата за санитарна топла вода и поддршка за греење на SONNENKRAFT ја користат енергијата од сонцето за да дадат голем дел од енергијата која е потребна, бесплатно. Овие решенија дополнително можат да бидат поддршка за загревање на базен.

Како функционира?

Сонцето ја загрева течноста во сончеви колектори на покривот. Топлината од соларната течност се пренесува на водата во резервниот резервоар. Потоа може да циркулира во системот за греење во собите. Кога е потребна топла вода во кујната или бањата, модулот за свежа вода загрева ладна свежа вода. Ова решение исто така може да се корист и за загревање на базени.

ЕКОНОМИЧНОСТ

COMFORT E и COMFORT E Plus решенијата го прават домот многу повеќе енергетски ефикасен, со што се заштедува секој ден. Решенијата го подобруваат енергетскиот рејтинг на домот и трошоците може да се надоместат со зголемување на неговата вредност.

 

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Согорувањето на фосилни горива се смета за најголемиот фактор што придонесува за ослободувањето на стакленички гасови во атмосферата. Заради тоа владите во речиси секоја земја поставуваат  агресивни цели за намалување на емисијата на јаглерод диоксид. И со користење на соларна енергија за греење на просториите и базени, емисиите од куќата се намалуваат уште повеќе. Користење на сончевата енергија емитува нула јаглерод диоксид.

 

НЕЗАВИСНОСТ
Нафтата и гасот се ограничени извори кои ќе ги снема со текот на времето. Нивната цена во иднина е многу неизвесна. Во текот на последните 10 години цената на нафтата се зголеми за 300 %. Користење на соларната енергија колку што е можно ја намалува зависноста на корисникот од други енергетски извори, и така ги отстранува грижите за зголемување на цената на фосилните горива и идните ограничени залихи.

Поволности

  • Производство до 50% од греењето и 80% од потребите за топла вода, бесплатно, во добро изолирани куќи

  • Користење на соларна енергија за топла вода и за греење создаваат многу енергетско ефикасно решение

  • Нашите хидраулични модули користат Високо Ефикасни пумпи кои ја намалуваат потребата за енергија до 80%

  • Добивање на свежа, хигиенска топла вода без никаков ризик од легионела со топла вода по потреба 

  • Премиум Европски Квалитет

  • Лесна и брза инсталација

COMFORT E   

решението од SONNENKRAFT е рентабилно решение за сите оние на кои им е потребна и санитарна топла вода и загревање на просторијата. Ова решение се состои од  PSR-E Бафер со високо ефикасна пумпна станица и интелегентен модул за свежа вода. Може да покрие до 30 % од потребите за греење на домаќинството и 80 % од потребите за санитарна топла вода.

 

Ова решение исто така може да се користи за загревање на внатрешни и надворешни базени.

 

МОДУЛ ЗА СВЕЖА ВОДА

Свежа, хигиенска топла вода подготвена по барање. Интелигентна единица која овозможува  количина на топла вода колку што е потребна, тогаш кога е потребна. Не е потребно складирање на топла вода, со што се оневозможува ризикот од развојот на легионела.

 

PSKR18HE 
Високо ефикасниот PSKR18HE доаѓа со контролер со лесен оперативен панел. Модулот со високо ефикасна пумпа заштедува пари во секоја оперативна состојба и го зголемува оперативниот опсег во однос на протокот од 30 %.

 

ПОДОБРУВАЊЕ НА СТРАТИФИКАЦИЈАТА

Соларниот изменувач е вграден; што резултира со побрзо вчитување на горниот дел од баферот и повисока температурна разлика во баферот и подобри перформанси за поддршка за греењето во текот на поладните месеци од годината. Изолацијата се вклопува совршено и ја намалува загубата на топлина.

 

Начин на работа

Сонцето е неограничен извор на енергија. Ако сакате топла вода, греење во објектот или греење на базен, соларните термални инсталации се решение за вас. Се состојат од серија од колектори на покривот, бојлер за санитарна топла вода или греење, хидраулични модули и контролна единица. Колекторите ја апсорбираат радијацијата од сонцето, хидрауличните единици ја пренесуваат топлината до бојлерот каде централно се зачувува и понатаму се дистрибуира за да се произведе вашата санитарна топла вода, да се загрее објектот или да се загрее вашиот базен.

Ако сонцето зрачи помалку енергија отколку што е потребно, топлинската пумпа е одличен дополнителен систем за добивање поголемо количество на енергија од сонцето користејќи го околниот воздух, земјата или пак, подземната вода.  Ова значи дека нема да ви биде повеќе потребно дополнително греење.

 

1.    КОЛЕКТОРИ

Кога сончевото зрачење ќе го погоди колекторот се загрева течноста во внатрешноста на колекторите. Дури и на облачни денови колекторите се во состојба да апсорбираат радијација од сонцето.

2.     ЦЕВНА МРЕЖА

Кога температурата на течноста во колекторот е доволно висока, започнува транспортот на топлина преку цевките до бојлерот.

3.    БОЈЛЕР

Бојлерот функционира како централно складирање на топлина и се полни (загрева) преку високо ефикасна соларна пумпна единица. Во комбинација со посебниот дизајн на бојлерот и софистицираната техника за полнење, резултатот е извонредна ефикасност.

4.    МОДУЛИ

Покрај високо ефикасната соларна пумпна единица која ја пренесува топлината од колекторот до бојлерот, таканаречениот модул за свежа вода и грејниот модул ја пренесуваат енергијата до таму каде што е потребно.

5.    ТОПЛА ВОДА

Модулот за свежа вода обезбедува – според принципот за континуиран проток и најмали загуби во мирување – хигиенска без ризик од легионела, санитарна топла вода кога е потребна во количина колку што е потребно.

6.    ГРЕЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ

Грејниот модул е дизајниран за работа на мешани грејни кругови на пример, подно греење или радијатор.

7.    ТОПЛИНСКИ ПУМПИ

Кога енергијата од сонцето не е доволна за да се задржи температурата во бојлерот и да се покрие побарувачката на енергија за објектот, топлинската пумпа е идеална за се произведе потребното дополнително греење. Топлинската пумпа ја користи температурната разлика на воздухот надвор од куќата, на земјата или на подземната вода како извор на енергија.

8.    БАЗЕН

SONNENKRAFT соларните решенија дополнително можат да се користат за да се загрее базен, на отворено или во затворено.

Contact

Eneks Group Engineering

Simeon Kavrakirov 20-1/2

1000 Skopje

+389 2 5110347

e-mail: info@eneks.mk

https://www.eneks.mk/

   Линкови

  • За нас

  • Новости

  • Технички документации

  • Референтни објект

  • Facebook