
Како функционираат соларните системи за загревање на топла вода
Решенијата за санитарна топла вода од SONNENKRAFT ја користат енергијата од сонцето за да ја загреат потребната санитарна топла вода, на пример во кујната или во бањата.
Сонцето ја загрева течноста во соларните панели на покривот. Топлината од соларната течност се пренесува на водата во резервоарот за топла вода и на тој начин се добива санитарна топла вода.
-
Поволности
-
Производство до 80 % од вашата топла вода бесплатно
-
Брза и лесна инсталација
-
Ниско ниво на одржување
-
Премиум SONNENKRAFT квалитет
-
Достапни се различни системски решенија
Системски решенија за загревање на санитарна топла вода

COMPACT E
Не мора да биде скапо за да стане енергетско ефикасно. SONNENKRAFT ви го нуди најлесното решение за да се искористи соларната енергија во станбено домување. COMPACT E може да покрие до 70% од вкупната побарувачка за топла вода на домаќинството.
Тоа е вашата гаранција за решение со врвен европски квалитет кое обезбедува долготрајно снабдување со енергија и има позитивно влијание на животната средина.
ВИСОКО ЕФИКАСНА ПУМПА
Пумпната група PSKRHE сега доаѓа со високо ефикасна пумпа, на која и е потребно 80% помалку енергија за да функционира соларниот систем во однос на стандардните пумпи од овој тип.
ЛЕСНА ИНСТАЛАЦИЈА
Лесно поставување и инсталација поради “Plug & Flow” инсталацијата на соларната пумпна група. Благодарение на тенкиот дизајн, COMPACT PLUS зафаќа многу малку простор.
КОНТРОЛНА ЕДИНИЦА
Претходно конфигурираната и многу лесна за користење контролна единица го прави COMPACT PLUS многу лесен за ракување. Исто така бара минимално одржување.
СИГУРНА ТЕХНОЛОГИЈА
Сите компоненти се со врвен европски квалитет, темелно тестирани и детално усогласени. Се користитат само докажани технологии за да се обезбедат трајност и ефикасност.
Соларни системи за топла вода и подршка на греење

Решенијата за санитарна топла вода и поддршка за греење на SONNENKRAFT ја користат енергијата од сонцето за да дадат голем дел од енергијата која е потребна, бесплатно. Овие решенија дополнително можат да бидат поддршка за загревање на базен.
Како функционира?
Сонцето ја загрева течноста во сончеви колектори на покривот. Топлината од соларната течност се пренесува на водата во резервниот резервоар. Потоа може да циркулира во системот за греење во собите. Кога е потребна топла вода во кујната или бањата, модулот за свежа вода загрева ладна свежа вода. Ова решение исто така може да се корист и за загревање на базени.
ЕКОНОМИЧНОСТ
COMFORT E и COMFORT E Plus решенијата го прават домот многу повеќе енергетски ефикасен, со што се заштедува секој ден. Решенијата го подобруваат енергетскиот рејтинг на домот и трошоците може да се надоместат со зголемување на неговата вредност.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Согорувањето на фосилни горива се смета за најголемиот фактор што придонесува за ослободувањето на стакленички гасови во атмосферата. Заради тоа владите во речиси секоја земја поставуваат агресивни цели за намалување на емисијата на јаглерод диоксид. И со користење на соларна енергија за греење на просториите и базени, емисиите од куќата се намалуваат уште повеќе. Користење на сончевата енергија емитува нула јаглерод диоксид.
НЕЗАВИСНОСТ
Нафтата и гасот се ограничени извори кои ќе ги снема со текот на времето. Нивната цена во иднина е многу неизвесна. Во текот на последните 10 години цената на нафтата се зголеми за 300 %. Користење на соларната енергија колку што е можно ја намалува зависноста на корисникот од други енергетски извори, и така ги отстранува грижите за зголемување на цената на фосилните горива и идните ограничени залихи.
Поволности
-
Производство до 50% од греењето и 80% од потребите за топла вода, бесплатно, во добро изолирани куќи
-
Користење на соларна енергија за топла вода и за греење создаваат многу енергетско ефикасно решение
-
Нашите хидраулични модули користат Високо Ефикасни пумпи кои ја намалуваат потребата за енергија до 80%
-
Добивање на свежа, хигиенска топла вода без никаков ризик од легионела со топла вода по потреба
-
Премиум Европски Квалитет
-
Лесна и брза инсталација
Сончев колектор со врвни перформанси и голема издржливост SKR500
Уникатниот и ексклузивен SONNENKRAFT SKR500 колектор има ефикасност од 82%, што го прави еден од колекторите со најдобри перформанси на пазарот. Ги комбинира најновата технологија со утврденото know-how. SKR500 е првиот колектор со стаклен дизајн без рамка и лесен монтажен систем обезбедувајќи едноставна и брза инсталација со само една стандардна алатка.
ГОЛЕМА ФЛЕКСИБИЛНОСТ
Дизајнот на колекторот овозможува голема флексибилност во конфигурирање на колекторското поле и е хидраулично поврзан.
МОНТАЖА БЕЗ АЛАТ
Сите главни апликации можат да се монтираат на SKR500 со многу малку алат.
Ние го нарекуваме тоа “Plug & Flow".
ДИЗАЈН БЕЗ РАМКА И МНОГУ МОЖНОСТИ ЗА МОНТАЖА
Рамниот колектор без рамка изгледа одлично во сите инсталациони варијанти.
SKR500 има најширок спектар на монтажни системи од сите SONNENKRAFT колектори.

Plug and Flow колектор PFM ALPIN
-
Апсорбер во форма на меандра
-
Едноставна и брза инсталација (plug & flow) - на и во кров
-
Патентирана технологија на поврзување
-
одличен сооднос цена - перфоманси