IDM системи со соларна технологија

iDM има долга традиција и може да се пофали со долгогодишно искуство во искористување на придобивките од различни извори на топлина. Уште во 1977 година, таканаречената „Греење за сите четири сезони“ комбинираше топлински пумпи, котли на дрва и технологија за сончево греење. Доминантен елемент што ни преостанува во денешно време е сонцето како бесплатен и обновлив извор на енерија. Во рамките на iDM семејството за енергија, ние комбинираме еколошка енергија од земјата, водата и воздухот со соларна енергија на многу различни начини: од едноставна интеграција на мали термални соларни постројки до сложени, 3-фазични соларни интеграции или примена на електрична енергија од фотоволтаичен систем, ние имаме се под контрола со NAVIGATOR контролерот.

Фотоволтаик

Енергијата од вашиот фотоволтаик за топлинската пумпа

TERRA топлинските пумпи од iDM Energiesysteme можат да ја користат електричната енергија произведена од фотоволтажниот систем на објектот: NAVIGATOR контролерот на топлинската пумпа  ги обработува сигналите од инвертерот на фотоволтаикот  и консквентно ја зголемува својата потрошувачка: прво, топлинската пумпа ја внесува топлината во баферот додека не ја надмине температурата во баферот за складирање за 5K, во зависност од количината на достапна електрична енергија. Вие исто така може малку да ја зголемите температурата на доводот. IDM NAVIGATOR исто така детектира и кога е достапна бесплатна фотоволтаична енергија за да загрее санитарна топла вода за овие периоди. Топлинските пумпи iDM TERRA со NAVIGATOR контрола веќе денес интелигентно ја користат електрична енергија.

  • Facebook

Контакт

ЕНЕКС Гроуп Инженеринг

Симеон Кавракиров 20-1/2

1000 Skopje

+389 2 5110347

e-mail: info@eneks.mk

https://www.eneks.mk/