Tоплински пумпи вода - вода и земја - вода

IDM Energiesysteme Made in Austria

SW_Complete.jpg

Terra SW Комплет

Геотермална топлинска пумпа за греење, ладење и подготовка на санитарна топла вода со помош на енергијата на земјата и подземните води...

iPump Т 2-8 и Т 3-13

Компактната инверторска топлинска пумпа  вода - вода  со интегриран бојлер за санитарна топла вода, поставува нови стандарди за ефикасност и удобност...

Terra SWM

Новата TERRA SWM е инвертерска геотермална топлинска пумпа за греење, ладење и санитарна топла вода. Капацитетот  на топлинската пумпа е променлив помеѓу 3 kW до 13 kW или 6 kW и 17 kW во зависност од моменталната потреба за греење.

TERRA SW TWIN

Геотермална топлинска пумпа TERRA SW со два компресори и капацитет од 20-42 kW. Ги прилагодува своите перформанси на тековната потрошувачка. Оваа топлинска пумпа е особено економична со коефициент на ефикасност (COP) до 6,5

НАВИГАТОР

Никогаш не било лесно да се обезбеди удобност благодарејќи на iDM топлинските пумпи со NAVIGATOR се подготвени за Smart Grid, SmartPhone може да се контролира од далечина и да се следи далечински преку SmartWeb

Топла вода со HGL и Хигиеник

При загревање на топла вода со системот на IDM секогаш се добива свежа, хигиенска и навреме подготвена на саканата температура.

Извори на енергија за геотермални топлински пумпи

Геотермалната топлина е обновлив вид на енергија. Од длабочина од  20m под површината, температурата е константна +10°C без сезонски осцилации. Оваа конзистентност обезбедува енергија за греење во зима и е идеална за ладење во лето. Високите температури во јадрото на земјата (над  1,000 °C во 90% од Земјиното јадро) обезбедуваат обновување на енергијата од дното.Додека пак сончевата радијација ја загрева земјината површина.

Разликуваме четири форми на геотермални топлински инсталации:  геотермални сонди, површински  колекторидиректна експанзија од рамните колектори и употреба на подземни води. Овие четири претставуваат најчести варијанти и поради оваа причина, тие се опишани подетално понатаму. Складирање на мраз, геотермални топлински столбови и сонди се само мал дел од другите методи.  

ПОДЗЕМНИ ВОДИ Топлински пумпи Вода- Вода

Технологијата на подземни води е многу ефикасна и бара малку простор: енергијата се извлекува од земјата со помош на два бунари.

Геотермална топлина од подземна вода
Подземната вода е исто така помеѓу „извори на геотермална енергија“. Потрошувачката на енергија на топлинските пумпи со подземна вода е помала во однос на другите системи со топлински пумпи.  Додека температурата на антифриз средството во длабоко ископаните сонди е околу +5°C кога ќе стигне до испарувачот на топлинската пумпа,температурата на подземната вода е +10°C, а во некои области речиси достигнува и до 20°C. Ова ја намалува потрошувачката на енергија на топлинската пумпа и, следствено, ја зголемува нејзината ефикасност.
Подземната вода се превзема од бунарот за снабдување, се води преку безбедносниот топлински изменувач и се враќа во циклусот на подземна вода преку бунарот за одвод. Безбедносниот топлински изменувач ја пренесува топлината од подземната вода до соле кругот кој е интегриран во испарувачот на топлинската пумпа. Овој дизајн ги спречува скапите штети кои можат да настанат во разладното коло.
Како и длабокото дупчење, и подземната вода исто така е идеална за пасивно ладење.

ГЕОТЕРМАЛНИ СОНДИ Топлински пумпи Земја - Вода

Топлинските пумпи со геотермални сонди се најсигурната варијанта: бараат минимален простор, имаат долг животен век и се погодни за греење и ладење.

Геотермалната сонда се состои од пластични цевки кои апсорбираат слободно достапна топлина кога низ нив минува соле раствор. Енергијата се користи во колото во топлинската пумпа за да испари ладилното средство.
После 20m длабочина, земјата има константна  температура од +10°C – со исклучок на сезонски осцилации. Оваа конзистентност обезбедува топла соле температура во зима и е идеална за ладење во лето.
Должината на сондата зависи од побарувачката за греење на објектот, саканата собна температура и се разбира, исто така и од потрошувачката на топла вода. Исто така треба да се земат во предвид и својствата на почвата. Излезот на почвата може да биде толку ниско, како  20W/m, но во најповолни случаи, тоа може да се зголеми и до 80 W/m. Таквата разлика може да ја зголеми потребната длабочина за дупчење за околу четири пати !

  • Facebook

Контакт

ЕНЕКС Гроуп Инженеринг

Симеон Кавракиров 20-1/2

1000 Skopje

+389 2 5110347

e-mail: info@eneks.mk

https://www.eneks.mk/