1.3.__fancoil_ESTRO_FU_2.png

GALLETTI

Вентилоконвектор ESTRO 1.2

Најкомплетни фенкојлери на пазарот, вклучувајќи ја технологијата на Galletti, на ниво со квалитет и сигурност. Конструкцијата овозможува модели за вертикална и хоризонтална монтажа: модели за површинска монтажа на ѕидови, подови/плафони и вградена монтажа во ѕидови/плафони, и модели со ниско тело за подна инсталација. Моделите со ниско тело за вертикална и хоризонтална монтажа се достапни по барање.

20 модели со ладилен капацитет од 1 до 11 KW, во 8 различни верзии:

За ESTRO 1.2 употребуваме материјали со врвен квалитет, кои се склопени со големо внимание посветено на компонентите, со перформанси на минимално ниво на звучност. Заоблени форми и бои кои ги задоволуваат потребите на ентериерот и архитектонските барања.

- Куќиште изработено од дебел челичен панел, странични панели, излезна воздушна решетка (под агол од 180 °) и задна решетка за отсис од ABS.

- Носечка структура направена од дебел поцинкован челик, изолирано со класа 1 само-изгасувачки панел. Верзиите дизајнирани за хоризонтална монтажа се опремени со голем сад за вода.

- Високо ефикасен топлински изменувач направен од бакарни цевки и алуминиумски оребрен со механичка експанзија, со бакарен разделник и вентил за обезвоздушување. Топлинскиот изменувач има приклучоци на лево, но може да се заврти за 180 °. По барање можно е да се инсталира дополнителен топлински изменувач за поврзување на грејниот круг, за инсталација на ESTRO 1.2 во 4-цевен систем.

- Двоен вцицен центрифугален вентилатор, статички и динамички балансиран, произведен од анти-статички ABS, со лопатки кои имаат секција со воздушна фолија и модули за рамнотежа.

- Електричен мотор, монтиран на лежиште отпорно на вибрации, со перманентно активиран кондензатор и термичка заштита, директно поврзано со вентилаторот, достапен во три верзии за да задоволи секаков перформанс, звучно ниво и потрошувачка на енергија: со 3 брзини, 6 брзини и тип со перменентен магнет. Единицата е опремена со единица за инвертер контрола, која може да се користи одвоено или инсталирана на самиот мотор. Овој систем овозможува прецизно подесување на брзината на ротација на моторот (контролен сигнал од 0-10 V) дури и кога максималната брзина на ротација мора да се контролира за да се намали нивото на звучност. Контролниот инвертер е опремен со просторни ќелии за прецизна контрола на позицијата на роторот и при многу мали брзини на ротација.

- Контролни панели достапни како компоненти за контрола на температурата и подесување низ микриопроцесорскиот систем кој автоматски ја регулира работата на фенкојлерот во зависност од амбиентните услови.

1.3.__fancoil_ESTRO_FU_2.png

ACTIONCLIMA

Вентилоконвектор FX

Врвен дизајн со одличен изглед. Асинхрон мотор + 3-брзински фабрички поврзан за максимално флексибилнни перформанси. Последна генерација на вентилатор изработен од пластика со мал број на вртежи, статички и динамички балансиран, тивок при работа. Решетки за довод на воздух со дворедно контролирани жалузини за дистрибуција на воздухот во било кој правец: решетките насочени во спротивен правец ќе го зголемат ефектот на индукција, некои затворени решетки ќе ја зголемат брзината на воздушниот проток, насочување на воздушниот проток тангенцијално кон плафонот/ѕидот ќе го зголеми ефектот на Коанда, сите затворени жалузини кога единицата не е во употреба ќе спречи навлегување на прашина и нечистотии.

Високо ефикасен изменувач (бакарни цевки алуминиумски оребрени). Хидрауличните приклучоци се лево или десно (по барање, без дополнителен трошок) + можност за реверзибилност. Каналче за дренажа на кондензат за брзо поврзување со цевката за дренажа за кондензат. Високо ефикасен воздушен филтер, со можност за чистење, поставен на страна за лесно извлекување при одржување. Челични делови со изработени отвори за реализација на многу различни верзии на монтажа.

Цврста компактна единица, со компоненти за монтажа кои ја олеснуваат работата на инсталатерот. Многу можности на регулација.

Contact

Eneks Group Engineering

Simeon Kavrakirov 20-1/2

1000 Skopje

+389 2 5110347

e-mail: info@eneks.mk

https://www.eneks.mk/

   Линкови

  • За нас

  • Новости

  • Технички документации

  • Референтни објект

  • Facebook