top of page

Инсталација на системи

Ние сме експерти и за инсталација на системи. Располагаме со мрежа на искусни сертифицирани инсталатери кои имаат завршено теоретски и практични обуки во Австрија за инсталација на топлински пумпи, соларни системи, третман вода.

Вршиме надзор на инсталациите

Пуштање во работа

Хидауличко балансирање на системите по завршување на инсталацијата

Обезбедуваме европски гаранции

Ако барате доверлив и сигурен партнер за проектирање, изведба и инсталација тука сме за вас

Инсталација на системи

Обуки за користење

Иако производите и технологиите за греење, ладење, соларна енергија, третман на вода, кои ги вградуваме кај нашите клиенти се најсовремени, интуитивни за користење и најчесто се поврзани и лесно се управуваат со апликации од мобилен уред, за поголема удобност и сигурност за корисниците обезбедуваме обуки за користење на системите. Ова е особено важно доколку се работи за голем објект и голем систем кој има свои специфики.

 

Не треба да се грижите дали брзо ќе научите да ги користите системите и како да добиете максимум од својот систем, ние ќе ви помогнеме да ги дознаете сите начини како да добиете максимален комфор, а при тоа да ги намалите трошоците. 

Обуки за користење

Гаранција на услуги и производи

Врвните производи од австриски и германски производители и врвната експертиза во проектирање, посебно обучените инсталатери за монтажа, инсталација и пуштање во употреба на системите, како и обуките кои ги обезбедуваме на корисниците за правилно користење и секојдневно одржување на системите, ни дозволуваат да имаме повеќегодишни гаранции на производите, како и европски гаранции за услугите кои ги нудиме. Со Енекс сте секогаш на сигурна страна. 

Гаранција на услуги и производи

Сервис
 

Далечинските и контролни индикатори на продуктите кои ги нудиме овозможуваат едноставно и навремено одржување на системите, како и долгорочно користење без потреба од големи интервенции и сервисирање, но сепак сервисот и одржувањето на овие системи е еден од клучните фактори за нашите корисници. Со нашите сертифицирани сервисери кои ги имаат поминато обуките од производителите, ви овозможуваме целосна поддршка во одржувањето и сервисирањето на системите за греење, ладење, третман на вода, фотоволтаици. 
При секое сервисирање нудиме и продолжена гаранција на системите од нашето портфолио.

Нудиме 3 различни пакети за одржување iDM топлински пумпи. 

Сервис

Мониторинг

За оптимизација на системите за греење и ладење, соларните системи, важен е мониторингот на сите системи. Енекс ја нуди и оваа можност за своите клиенти, како и можност за следење на параметрите на секоја топлинска пумпа. Преку континуирано следење на работата на системот, вршиме негова оптимизација со цел да се намалат дополнително трошоците за енергија, а при тоа да се задржи комфорот на престој во објектот. Контролерот на топлинската пумпа има можност за зонска контрола на температура и влага во проторот и на овој начин дополнително се зголемува комфорот, но се придонесува и за максимална заштеда на енергија. Секој степен на температурна разлика значи 12-15 % повеќе енергија, така што зонската регулација значително придонесува за заштеда на енергија во објектот. Контролерот на топлинската пумпа може да контролира и други системи кои го сочинуваат системот за греење, ладење, вентилација, соларен систем... преку еден дисплеј имаме регулација на целиот HVAC систем. Преку модбус протоколот, навигаторот може да се поврзе на BMS во објекти каде што има комплетен преглед и понапредна регулација на сите системи.

Освен многубројните можности за регулација и обезбедуање на врвен комфор во просторот, автоматиките на опремата од Енекс Гроуп Инженеринг обезбедуваат многу поволни услови за сервис и одржување на системите. Системите се опремени со сите потребни сензори и за најмало отстапување од зададените параметри, крајниот корисник е информиран. Преку СМС или меил може да биде известен крајниот корисник, сервисерот... според одбраните селектирани корисници. Доколку алармите се игнорирани, системот застанува после 5 последователни аларми, така што не постои можност за поголема хаварија. Доколку системот континуирано е поврзан на интернет, имаме целосна историја за работата на системот за греење. Можеме да добиеме податоци на дневно, неделно, месечно ниво во табеларна форма или графички да ги провериме сите параметри на системот. Многу често не станува збор за поголем механички дефект, па можностите за далечинско одржување на контролерот, овозможуваат без посета на објектот да се интервенира во системот и брзо да се реши проблемот. 

Инвестицијата во напредни контроли за регулација и мониторинг, освен поголемо задоволство на крајниот корисник, придонесува и за значителна заштеда на енергија, заштеда во трошоци за одржување и намален ангажман на сервисерите.

Мониторинг
bottom of page