top of page

Решенија според вашите потреби

Без разлика дали се работи за сосема нов објект или ви е потребно реновирање на постојните системи за греење, ладење, климатизација, венитилација, поставување соларни панели, инвертери, систем за прочистување или омекнување на вода, поставување или реновирање на филтрација за базени, ние сме тука за вас. 

Ги слушаме вашите потреби и согласно тоа, во зависност од расположивиот буџет, ви предлагаме оптимални системски решенија, кои може да се имплементираат целосно веднаш или дел по дел. 

Најдобро време за консултација за вградување на енергетски ефикасни системи за греење и ладење, за третман на вода или за поставување на соларни системи е во текот на планирањето на самиот објект, со цел да бидат оптимално запазени сите потребни параметри и да се избегне прекопување или дополнителни интервенции во градежниот дел. Истото се однесува и доколку планирате реновирање – пред почетокот на работите побарајте совет за системско решение од врвните експерти.

Побарајте нѐ за да закажеме состанок со кој ќе ги утврдиме точно вашите потреби и барања за греење, ладење, вентилација, климатизација, третман на вода, поставување на соларни системи или се заедно. Тоа може да го направите преку нашата маил адреса contact@eneks.mk или на телефонскиот број 02 512 8887 секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот. Состанокот може да се одржи во нашите канцеларии или на објект.

Решенија според вашите потреб

Проектирање

Работиме проекти за нови или за реновирање на индивидуални и колективни објекти за домување, деловни објекти – фабрики, хотели, канцеларии – за сите места каде што е потребен врвен комфор и максимална заштеда на енергија.

Изработуваме проекти за греење и ладење за да обезбедиме максимална енергетска ефикасност при што секогаш ќе имате идеална температура со најниски трошоци за тековно одржување.

Користиме најсовремени софтвери за пресметка, анализа и цртање

Вршиме хидраулично балансирање на цевни мрежи

Изработуваме физибилити студии со помош на професионален софтвер за симулација на модели на системи за греење и ладење, соларни системи, фотоволтаични системи.

Анализа на состојба

За да се утврди кои мерки за енергетска ефикасност можат да се спроведат за обезбедување на енергетска ефикасност во секој дом или објект, треба да се утврди дали и каде се јавува загуба на топлина, особено кај таванот и покривот, вратите, прозорците и подземните/подрумските простории. 

Најчесто поради слабо изолирани прозорци и врати и места на фасадата каде што се инсталирани единици за надворешна климатизација, често се јавуваат значителни температурни загуби. За точно определување на изворите на загуба на топлина, препорачливо е да се изврши скенирање на објектот со термални камери. Согласно утврдената состојба се предлагаат и имплементираат мерки за изолирање и санација на овие точки на загуба на енергија.

Ние во Енекс ви нудиме услуги и во овој домен – ги испитуваме и дефинираме енергетските карактеристики на вашиот објект и ви нудиме консултантски услуги за унапредување на енергетската ефикасност и решенија за греење, ладење и вентилација кои ќе дадат најдобри резултати на долг рок. 

Проектирање
Анализа на состојба

Оптимални решенија за енергетска независност

    Енергетската независност и самостојност на објектите е иднината на секој дом и секој деловен објект. Кризата со цените на струјата и енергенсите, Зелената Aгенда на ЕУ и исфрлањето на фосилните горива како одговор на климатските промени ги прави решенијата за производство на енергија од обновливи извори, односно производство на енергија за сопствена потрошувачка, единствено решение кое долгорочно го решава прашањето со трошоците за греење, ладење, топла вода и потреба од електрична енергија, но и подобрување на удобноста во домот со минимални тековни трошоци за одржување. 

    Нудиме оптимални решенија за да обезбедите енергетска независност на вашето домаќинство или бизнис од моменталната достапност на електричната енергија и другите енергенси. 

    Можеби почетната инвестиција е поголема, но секогаш најважни параметри по кои треба да се носат одлуки се:

•    брзината на повратот на инвестицијата,

•    врвната удобност на системот, совршен воздух и совршена вода, во доволно долг временски период кој ги надминува периодите на гаранција на системите,

•    трајно и долгорочно решение, никогаш да не инвестирате во половични решенија со среден квалитет,

•    лесно одржување, долга гаранција, врвен сервис, редовен мониторинг и достапна поддршка 24 часа.

За потребите на инвестирањето, постојат субвенции преку разни фондови и еко-кредитни линии кои може да ви помогнат да го подготвите вашиот дом или вашиот деловен објект за иднината. Размислувајте секогаш долгорочно и барајте трајни решенија.

 

    Ние во Енекс ја имаме експертизата и веќе десет години проектираме и комбинираме соларни системи и топлински пумпи за да обезбедиме врвни енергетско-ефикасни решенија за нашите клиенти во земјава и регионот. 

Начини на соработка

Побарајте нѐ за да закажеме состанок да ги утврдиме точните ваши потреби и барања за греење, ладење, вентилација, климатизација, третман на вода или поставување на соларни системи или сѐ заедно. Препорачуваме да ги утврдиме точните потреби и да поразговараме за придобивките од можните решенија за да можеме заедно да го најдеме оптималното решение и да ви дадеме прецизна понуда. Побарајте нѐ секој работен ден од 8.00 до 17.00 часот. Состанок може да закажете на нашата mail адреса contact@eneks.mk или на телефонскиот број 02 512 8887. Состанокот може да го одржиме во нашите канцеларии или на објект.

По прифаќањето на понудата започнуваме со изработка на проект и го започнуваме процесот на набавка на потребните материјали доколку не се достапни на залиха.

Согласно договорената динамика на проектот се врши инсталација/монтажа на системите. 

Оптимални решенија за енергетска независност
Начини на соработка
bottom of page