За нас

 

Енекс Гроуп Инженеринг ДОО Скопје нуди целосни услуги по принципот „клуч на рака“ - проектирање, изведба, монтажа и сервис на високо квалитетни, еколошки, енергетски ефикасни системски решенија, како и производи за греење и ладење со топлински пумпи, загревање на топла вода со сончеви колектори, сончеви колектори за производство на струја и технологии за третман на вода. 

Eneks Group Engineering logo
 

Врвната експертиза, постојаните обуки на нашите експерти и консултанти, најсовремените технологии и производи на нашите соработници и партнери, им овозможуваат на домаќинствата и бизнисите во Македонија веќе 10 години да користат обновливи извори на енергија за да го имаат најдобрите енергетски ефикасни решенија за греење, ладење, вентилација, топла вода, електрична енергија од фотоволтаични системи, како и врвни решенија за третман и филтрација на вода. 

 

Компанијата е официјален и ексклузивен застапник на територијата на Македонија на австриските компании IDM Energiesysteme GmbH за топлински пумпи и Sonnenkraft за соларни системи, како и официјален дистрибутер на BWT - Германија за третман на вода.

Во портфолиото на Енекс се и врвните продукти на Кomfovent, Galletti, Actionclima, Cintropur, KACO new energy.

Нашата мисија

Обезбедуваме врвен комфор во живеењето со енергетски ефикасни системи за греење и ладење со користење на обновливи извори на енергија.
 

Обезбедуваме здрава животна средина – совршен квалитет на вода и воздух, секаде!

Соработуваме со задоволни клиенти, партнери, вработени!

Нашата визија

Ние сме регионален лидер во проектирање, имплементирање и одржување на енергетски ефикасни системски решенија за греење и ладење со обновливи извори на енергија и третман на вода.

Нашите вредности

 

Експертиза

Експертизата на Енекс Гроуп Инженеринг ги опфаќа областите за енергетско ефикасно греење и ладење со помош на едноставни или сложени системи со топлински пумпи, соларни панели или комбинација на истите, вентилација и климатизација, како и експертиза во третман на вода за приватни или деловни објекти. 

    Изработуваме целосни проекти или физибилити студии врз основа на длабински анализи и мерења, користиме најсовремени софтвери за пресметка, анализа и цртање. 

    Располагаме со мрежа на искусни сертифицирани инсталатери кои имаат завршено теоретски и практични обуки во Австрија за инсталација на топлински пумпи, соларни системи, третман вода.

    Обезбедуваме сервис, мониторинг и контрола, ги обучуваме корисниците за правилно користење на системите, нудиме европски гаранции.

Максимално ја користиме синергијата и искуството на нашите реномирани партнери во областа на користење на енергија од обновливи извори и ги пренесуваме во системски решенија според потребите и желбите на секој корисник за да ја максимизираме удобноста и да ги минимализираме трошоците, истовремено обезбедувајќи еколошки и енергетски ефикасни решенија исклучително поволни за животната средина. 

Посветено учиме и ги следиме најновите достигнувања во технологијата за да им ги донесеме најиновативните решенија на нашите клиенти и да создадеме врвни експерти од нашите вработени.

 

Нашиот тим

Вработените се нашиот највреден ресурс – врвни експерти и професионалци со богато искуство во проектирање, имплементација, монтажа и сервис на енергетски ефикасни решенија за греење, ладење и вентилација, обновливи извори на енергија – топлински пумпи и фотоволтаици, како и третман на вода. 

Едукациите и обуките за сите вработени се составен дел од работењето на Енекс Гроуп Инженеринг, а транспарентноста и правичноста кои се темелат на взаемно почитување и еднаквост се основната одлика и вредност на секој член од нашиот тим.

Покрај тимот од вработени во нашата компанија, остваруваме долгорочна соработка и партнерство со надворешни соработници, експерти за да обезбедиме максимален квалитет на услуга на нашите клиенти и испорака точно на време. 

Работиме со интегритет - Чесниот и фер однос е наша премиса во работењето со клиентите, партнерите, вработените, брендовите кои ги застапуваме, заедницата. Секој од нас ја презема одговорноста за да ги заврши работите со врвен квалитет, чесно, транспарентно и во точно предвиден рок.

 

Партнери и соработници

Енекс Гроуп Инженеринг соработува со врвни брендови од Австрија и Германија од кои покрај најсовремените производи и технологии, црпи и вредни искуства и обуки за инсталација, употреба и сервис на своите вработени и партнерите со кои соработуваме. Искуствата и иновациите на нашите партнери и соработници ни овозможуваат да им понудиме врвни производи и услуги на нашите клиенти во Македонија.

Енекс Гроуп Инженеринг е официјален и ексклузивен застапник за територијата на Македонија на:

iDM logo
Австриската компанија IDM Energiesysteme GmbH за топлински пумпи
Sonnerkraft logo
Австриската компанија Sonnenkraft за соларни системи
BWT Best Water Technology logo
Официјален дистрибутер на BWT – Best Water Technologies Германија за третман на вода.

Во портфолиото на Енекс се и врвните продукти на Кomfovent, Galletti, Actionclima, Cintropur и KACO new energy.

Отворени сме за нови можности и ширење на нашата мрежа на соработници и пријатели. Контактирајте нѐ за долгорочно партнерство. 

 

Секогаш сме отворени за да ги споделиме нашите искуства и да им понудиме можности за раст и развој на нашите вработени. 

Доколку сте заинтересирани за работа во оваа индустрија и доколку сметате дека со вашето искуство можете да придонесете за взаемен континуиран раст и развој, Ве молиме испратете ваша куса биографија на е-маил: info@eneks.mk.

 

Енекс Гроуп Инженеринг нуди конкурентен надоместок согласно квалификациите на кандидатот, можности за обуки, дообуки и дополнителна едукација, сигурна и продуктивна работна средина со можности за професионално и лично надградување и напредување.

 

Кариера во Енекс

Животна средина

Грижата за околината е наш врвен приоритет – користиме обновливи извори на енергија, ја чуваме од загадување планетата Земја, се грижиме за здравјето на луѓето, максимално рационално ја користиме енергијата и природните ресурси.

Ја чуваме животната средина, промовираме и нудиме решенија кои рационално ги користат достапните природни ресурси и го намалуваат влијанието кое го имаат домаќинствата и бизнисите врз климатските промени.

Ние во Енекс нудиме решенија и соработуваме со партнери кои по природата на својата дејност се грижат на секое семејство и секој бизнис да му понудат одржливо решение:

    Со iDM поставуваме високоефикасни топлински пумпи - ја користиме температурата и енергијата на подземните води и земјата, температурата и енергијата на надворешниот воздух;

    Со Sonnenkraft ја користиме сончевата енергија; 

    Со BWT се грижиме за нашата сина планета и го менуваме светот голтка по голтка.