top of page

Во овој дел ви ги пренесуваме искуствата на нашите експерти, ви ги покажуваме најдобрите примери и практики, одговараме на најчесто поставуваните прашања и ве советуваме. 

Горди на задоволните клиенти

Повеќе од 10 години им го подобруваме квалитетот на животот и продуктивноста на работењето на нашите клиенти со решенијата за греење, ладење и топла вода, обезбедувајќи им енергетска ефикасност, заштеда на трошоци и врвен комфор. Ви благодариме на довербата!

Погледнете дел од проектите реализирани од нашите експерти:

Горди на задволните клиени

Квалитетните брендови бараат квалитетни објекти и целосни системи греење, ладење и вентилација

Ви ги пренесуваме искуствата на нашите клиенти и пријатели! Tritex е водечки бренд за долна облека во Македонија, чија успешна приказна започнува од крајот на 1994 година. Производите кои ги произведува фирмата преку големопродажба се пласираат низ цела Македонија. Производството на висококвалитетен текстил бара и квалитетен објект, фабрика која обезбедува одлични услови за своите вработени во кои ги прават најдобрите производи.

Почетоците не беа лесни. Производството се наоѓаше во стар објект. Намената не одговараше за текстилна фабрика, системот за греење беше нафта, немаше вентилација и ладење. Трошоците за греење беа многу високи, а објектот не беше доволно затоплен. Брендот Тритекс е синоним за онаа таргет група на потрошувачи која преферира квалитет, па ни требаше и нов современ објект граден според сите Европски стандарди. Во таа приказна на градење на врвен квалитет одлично се вклопи проектот и решенијата за греење, ладење и вентилација на Енекс. Решението ни понуди значително намалени сметки за струја, а комфорот во канцелариите и производствениот погон не се споредуваат со претходната состојба. Сега навистина имаме пријатна атмосфера за работа – идеална температура и во зима и во лето, а сметките за електрична енергија се значително намалени.“ – изјавува еден од сопствениците на текстилната фабрика Тритекс, Дејан Наумоски. 

Picture 1.jpg
xxcfgvc.jpg

За Тритекс од Прилеп, Енекс Гроуп Инженеринг имплементираше систем за греење, ладење и вентилација со топлински пумпи од IDM-Terra MAX 70 P x 2 вода-вода од 190 KW топлинска моќ и коефициент на заштеда ЦОП од 5,7. За вентилација користевме рекуператор Komfovent од 18.000 м3/час со степен на заштеда од 60%. Поставено е индустриско подно греење во производствената хала и, систем за таванско ладење во канцелариите. Се користи и систем за користење на отпадна топлинска енергија од компресори за компримиран воздух. 

Среќни сме ако придонесуваме за барем мал дел од успешната приказна на Тритекс.

bfbebfde.jpg

Во Тренинг центарот Прокредит Банка на Брезовица проектиравме и инсталиравме целосно решение за греење, топла вода и ладење, како и соларен систем и вентилација со топлинска пумпа Вода-Вода на iDM 2 x AL 60 Max, соларен систем Sonnenkraft и Higienik опција од истиот производител за греење на санитарна топла вода, подно греење,  фенкојлери GALLETTI и Komfovent рекуператори.

4e38a5_a6470a93759745adaf2a887bdb4743d9~mv2.jpg
4e38a5_f1ca84b5928641189e9e2e16b865dae9~mv2.jpg

Изградбата на нов современ деловен објект во денешно време не може да се замисли без врвни и енергетски ефикасни решенија за греење, ладење, вентилација. За новиот објект на супермаркет Дијана од Неготино вградивме топлинска пумпа вода-вода Terra Max, подно греење и фенкојлери.

Без разлика дали градите објект за сопствена употреба или за издавање, важно е да осигурате енергетски ефикасни решенија за греење, ладење и топла вода, како и соодветна вентилација, кои не само што нудат врвна удобност и комфор, туку ги значително ги намалуваат тековните трошоци за одржување и ја зголемуваат вредноста на самиот објект. За деловен објект во Тетово изработивме токму такво енергетски ефикасно решение со топлинска пумпа Terra SW 42 Вода - Вода 56 kW, подно греење и ладење, пасивно ладење.

4e38a5_c98c5d5f1c0843549984dd6bb0b6895b~mv2.jpg

За врвна удобност на гостите во хотелите и рестораните

За хотелите, рестораните и целата хоспиталити индустрија исклучително е важно гостите да имаат секогаш идеална температура во собите, свеж воздух, секогаш топла вода и врвно уживање во сите делови на хотелот или ресторанот. Доколку имате базен важно е да биде беспрекорно чист, но и со стоплена вода.

Ние во Енекс имаме енергетско ефикасно решение за сите потреби на овој бизнис.

Ви претставуваме дел од нашите проекти во оваа индустрија:

За Хотел Лаки - Охрид обезбедивме решение за греење, подготовка на санитарна топла и активно ладење со топлински пумпи Воздух-Вода 3 x TERRA MAX AL 60 со вкупен капацитет на греење 225 KW и COP 4.5, подно греење, соларен систем и сетови за греење на базените од Sonnenkraft, Фенкојлери Actionclima. Инсталирано е подно греење/ладење и фенкојлери, во хотелските соби и во ресторанскиот дел. Дополнително за ресторанскиот дел и базените инсталиран е и систем за вентилација.

DJI_0136.jpg
199373453.jpg_k=88cfc878d0b1add780d5e4db7e6c2b1954a7af913652b5bf88b83c0fc696294e&o=&hp=1.j

Во центарот на Охрид се наоѓа Хотел СУ и Liquid Boutique Bar & Kitchen. Освен прекрасниот поглед на стариот град и езерото, хотелот, барот и ресторанот нудат врвна услуга и удобност за гостите. За нив Енекс изработи решение за греење, подготовка на санитарна топла, активно и пасивно ладење со вода-вода топлинска пумпа и сончеви колектори. Инсталирано е подно греење/ладење како и фенкојлери во поголем дел од хотелските содржини. Дополнително има и вентилација со рекуператор во ресторанскиот дел и рецепцијата. Овде инсталиравме топлинска пумпа Вода-Вода TERRA SW 70 MAX P 100 KW и COP 5.9; Подно греење REHAU; Соларен систем Sonnenkraft; Фенкојлери Actionclima. 

Ви го претставуваме и решението на Енекс Гроуп Инженеринг имплементирано во Трст во хотел Солун: Поставивме топлински пумпи 2 x Terra AL 60 Max, греење и ладење со фенкојлери, хигиеник станица за греење на санитарна топла вода, соларен систем.

Енекс нуди идеални решенија за потребите на хоспиталити индустријата, но и за сите домови и деловни објекти кои сакаат да ги следат светските трендови за користење на обновливи извори на енергија, а при тоа да имаат врвен комфор во живеењето и работата.

IMG_7813.jpg
vfvrvr.jpg

Boutique hotel & Bar Mister I – Охрид е комбинација на врвна енергетскa ефикасност заедно со врвна термичка удобност. Систем за греење, подготовка на санитарна топла, активно и пасивно ладење со вода-вода топлинска пумпа TERRA SW 26 TWIN и сончеви колектори Sonnekraft SKR 500. Инсталирно е подно греење во ресторан, во пент хаус е инсталирано подно, ѕидно и таванско греење и ладење, а во хотелските соби фенкојлери Galletti.

Во хотел Вила Парк – Струмица изработивме целосно решение за греење, ладење, топла вода и вентилација со продуктие на нашите реномирани партнери: топлинска пумпа na iDM Вода-Вода 2xTERRA SW 70 P, sоларен систем Sonnenkraft, pодно греење Rehau, и фенкојлери GALLETTI.

villa-park-hotel-strumica.jpg
AF1QipMT23dS7etvijptx7D42uB-68gKJBKp7GhQlKA_=w500-h500-k-no.jpg

Сопствениците на ресторан Дегусто во Струмица создадоа врвен ресторан со врвна италијанска храна пренесувајќи го искуството стекнато во Мишелин ресторани во Италија, Германија. Совршеното мени и совршената храна бараат и совршена атмосфера. Затоа за овој ресторан реализиравме: инсталација на iDM топлинска пумпа ML 11-18, соларен систем Sonnenkraft, подно греење и таванско ладење Рехау и фенкојлери Галети.

Кога планирате да одите во Струмица топло ви го препорачуваме најдоброто место за најдобрата храна Degusto. 

Заштеда на трошоци преку искористување на сончевата енергија 

За гостите секогаш мора да има топла вода и соодветно греење. За да ги оптимизира трошоците за Хотел Гогов во Пехчево поставивме соларен систем Sonnenkraft, COMPACT E PLUS XL 2000l.

160729165432200_za-hotel-gogov_pehcevo gogov (8).jpg
nedjnedn.jpg

За хотелот Црешово Топче – Пробиштип изработивме решение за зголемување на енергетската ефикасност преку поставување на топлинска пумпа Вода-Вода TERRA SW HGL 60 P, соларен систем Sonnenkraft и фенкојлери GALLETTI.

И ресторанот Бравос во Скопје ги користи решенијата на Енекс за греење, ладење, вентилација и топла вода. Таму инсталиравме воздушна топлинска пумпа IDM ML 11-18, соларен систем и хигиеник станица за санитарна топла вода од Sonnenkraft, подно греење и фенкојлери Галети.

4e38a5_162022aff1244b9e9c8567dfaff06e67~mv2.jpg

ОБЈЕКТИ ЗА ИНДИВИДУАЛНО И КОЛЕКТИВНО ДОМУВАЊЕ

Во експанзијата на изградба на згради често се појавува проблемот со неможност за поврзување со централно градско греење и големи трошоци за електрична енергија како основен извор на греење. Вложувањето на инвеститорите во самата изградба на зградата во енергетски ефикасни решенија им нудат врвен комфор на станарите со минимални трошоци за тековно одржување, подобра естетика и поголема искористеност на станбениот простор. Изработуваме решенија за греење, подготовка на санитарна топла со соларен систем, пасивно и активно ладење со вода-вода топлинска пумпа.

Во проектот кој ви го претставуваме инсталиравме и подно и таванско греење/ладење во целиот објект. Дополнително е монтиран рекуператор за вентилација на секој кат одделно. Контролата со навигатор 2.0 кој овозможува дополнителна заштеда со контролата на температура по зони за секој стан одделно. Идеално решение за врвно домување.

4e38a5_50b1e6318aa248cca50ce8372e25b864~mv2.jpg

Топла вода од соларни панели и за станбена зграда

Изработивме греење, подготовка на санитарна топла со соларен систем, пасивно и активно ладење со вода-вода топлинска пумпа IDM Terra SW 26 Twin за станбена зграда во Ново Лисиче. Инсталирано е подно и таванско греење/ладење во целиот објект. Дополнително е монтиран рекуператор за вентилација на секој кат одделно. Контрола со навигатор 2.0 кој овозможува дополнителна заштеда со контролата на температура по зони. 

idiejdijwe.jpg

Решенијата на Енекс Гроуп Инженеринг за топли и здрави домови со целосно минимизирање на трошоците

Ви ги пренесуваме искуствата на нашите клиенти и пријатели! Топлинска пумпа од iDM се покажа како совршено решение за куќата на петчленото семејство во скопската населба Жданец. 

 „Куќата е купена пред 6 години и во неа веќе беше инсталирано подно греење и електричен котел, но сметките за греење беа неподносливо високи и имаше лоша регулација на температурата. Баравме алтернатива за замена на електричниот котел и среќни сме што го одбравме токму решението кое го понуди Енекс. Сега не само што сметките за греење ни се намалени за четирипати, туку имаме решение и за регулација на греењето по зони кое лесно и едноставно го контролираме и прилагодуваме преку интернет апликацијата на iDM. Нашиот дом е топол во зима и свеж во лето, и „паметен“, а сметките за електрична енергија се ниски.“ – го сподели своето искуство сопственичката на куќата Билјана Нарашанова. 

efjenf.jpg

Од Енекс Гроуп Инженеринг по утврдување и анализа на моменталната состојба на системот за греење и според потребите и желбите на семејството, во индивидуалната куќа од 300 м2, на постојниот систем инсталиравме топлинска пумпа од iDM возух-вода 20KW ML 11-18 со зонска регулација NAVIGATOR PRO која обезбедува перфектна зонска регулација преку интернет на апликацијата од iDM. Tемпературата во секоја од собите е перфектно прилагодена и во лето и во зима. Освен што ова решение нуди врвен комфор за семејството, остварува значајни заштеди на семејниот буџет, бидејќи сметките за електрична енергија за греење на целата куќа од 300м2 се четирикратно пониски во месеците со најинтензивно греење. 

4e38a5_e4d0d3d93382452a883fb6d3e6d0059c~mv2.jpg

За приватна резиденција во Пржино освен енергетски ефикасни решенија за греење, ладење, топла вода, греење на базен, обезбедивме и решение за прочистување и омекнување на вода. Веруваме дека станарите уживаат во врвниот комфор. Поставивме топлинска пумпа Вода-Вода TERRA SW TWIN 42 HGL P со капацитет на греење 56 KW и заштеда на енергија COP 6.1, соларен систем Comfort 1000/6 и сет за греење на базен Sonnenkraft; подно, ѕидно и таванско греење/ладење; вентилација со рекуператор Komfovent; филтер за вода Е1 на BWT и омекнувач на вода AQA Perla производ на BWT; Дополнителен систем за наводнување и искористување на бунарската вода од топлинската пумпа на Grundfos. Со Навигатор контролерот на топлинската пумпа е интегриран и фотоволтажен систем од 7kW

Во семејна куќа во Тафталиџе во Скопје обезбедивме врвна удобност на живеење преку топлинска пумпа Вода-Вода TERRA SW 26 Twin, Соларен систем Sonnenkraft, загревање на затворен базен и Навигатор контрола.

4e38a5_dc12baf9c9b740089ee9b9e8bd4126f6~mv2.jpg

Совршени решенија и за семејствата кои живеат во потоплите краишта во нашата земја – за приватна куќа во Струмица обезбедивме решение со топлинска пумпа TERRA SW 26 TWIN, соларен систем Sonnenkraft за греење на санитарна топла вода, поддршка на греење и греење на базен, Хигиеник опција за топла вода, и управување со системите преку смарт Навигатор контрола.

4e38a5_6c794957bcc34565993f922b5808c6e3~mv2.jpg

За приватна куќа во Виница по принципот „клуч на рака“ го решивме проблемот со греење и ладење преку инсталирање на топлинска пумпа Вода-Вода TERRA SW 26, фенкојлери, подно греење и соларен систем Sonnenkraft.

4e38a5_ac9c6969a46b4358b58ec3152247f8dc~mv2.jpg

Често поставувани прашања

Дали топлинските пумпи обезбедуваат целосна независност од енергетскиот систем/ доставата на струја?

Енекс одговара: Самите топлински пумпи функционираат со сосема мала потрошувачка на електрична енергија потребна за да функционира самиот систем, а доколку се комбинираат со фотоволтаичен систем, системот може да биде независен од потреба на струја.

Дали со истата топлинска пумпа се обезбедува и греење и ладење?

Енекс одговара: Во зависност од потребите на објектот, системите може да обезбедат само греење или греење и ладење. Преку истиот систем може да се обезбеди и санитарна топла вода.

Имам стар котел на нафта и струја и поставени радијатори во куќата. Дали може да го сменам само котелот со топлинска пумпа и да ја искористам поставената инсталација за радијатори? 

Енекс одговара: Топлинските пумпи се идеални за реновирање на вашето греење. Во случај како овој се препорачува да се задржи постојниот извор на енергија како резервен топлински извор во случај на дефект на топлинската пумпа за да не остане објектот без греење додека се сервисира топлинската пумпа. Се препорачува освен топлинската пумпа да се инсталира и мал бафер за да не се поврзе директно како котелот. 

До колку kW електрична енергија се заштедуваат со топлински пумпи за греење на станбена површина од 60м2, во споредба со греење на електрична енергија?

Енекс одговара: Заштедата на електрична енергија за греење со топлински пумпи е значителна. Во зависност од типот на објектот и инсталираната опрема, изолацијата,  заштедата на електрична енергија е најмалку до 3 пати, а најмногу до 5 пати.

Што треба да имам поставено во куќата за да може да инсталирам топлинска пумпа?

Енекс одговара: Најсоодветни системи за греење и ладење со топлинска пумпа се површинските системи како подно, ѕидно и таванско греење и ладење. Доколку веќе имате поставено вакви системи Енекс, ќе ви помогне да ја интегрирате топлинската пумпа или можеме да изработиме целосно решение за вашиот објект за греење, ладење и топла вода. 

Дали може да се оддели поставувањето на топлински пумпи во куќа со два стана – во едниот стан да има, во едниот не?

Енекс одговара: Да, може да се постават посебни машини поединечно за станот кој има потреба.

Колку е просечно време за поврат на инвестицијата од поставување на топлинска пумпа која ќе се користи за греење и ладење?

Енекс одговара: Брзиот поврат на инвестицијата и долговечноста на системите за греење и ладење со топлинска пумпа, го прави ова решение идеално за голем број на семејства и бизниси. Повратот на инвестицијата само преку намалување на сметките за електрична енергија, а зголемување на комфорот во просек е од 3 до 4 години, а во случај кога би се поставил и фотоволтаичен систем периодот на поврат може да биде и помал. Исто така, доколку аплицирате и добиете од достапните субвенции повратот на инвестицијата ќе биде уште пократок, а бенефитите ќе ги чувствувате на долг рок.

Дали може да се постават топлински пумпи за цела зграда која моментално е на парно на струја? Што е потребно?

Енекс одговара: Во зависност од постојните инсталации, може да се постават пумпи засебно за становите или една за целиот објект. По снимање/увид на објектот ќе се утврдат дополнително неопходните инсталации за да може новиот систем непречено и најефикасно да функционира. Енекс ги нуди целосните услуги од испитување на состојбата, проектирање на решенија, како и имплементација на истите. 

Дали може да се инсталираат сончеви панели за производство на топла вода во веќе изградена зграда? Колку топла вода може да се произведе со истите?

Енекс одговара: Со согласност на станарите може да се изведе систем колку што дозволува просторот на покривот и потребите на станарите. Количината на произведената топла вода зависи од големината на соларниот систем.

Дали е потребна ваша инсталација за овие решенија или може да ги купиме само производите и да ги инсталираат нашите изведувачи?

Енекс одговара: Со техничка поддршка од Енекс Гроуп Инженеринг и задоволување на барањата од производителот при монтажа на опремата ќе може да се издаде гаранција за опремата. Доколку клиентот самиот инсталира различно од прописите на производителот нема да се издаде гаранција за опремата.

Колку години имаат гаранција топлинските пумпи? Кој обезбедува сервис и одржување, резервни делови?

Енекс одговара: Генерално целата опрема која ја нуди Енекс има 3 години гаранција. Компресорот кој е всушност најважниот дел на топлинската пумпа има 6 години гаранција, а со мала симболична доплата може да се продолжи и до 10 години. Енекс обезбедува сервис и одржување, како и обезбедување на резервни делови од добавувачите.

Колку време е потребно за инсталација на топлинска пумпа, соларен систем – од набавка до „клуч на рака“?

Енекс одговара: Тоа зависи од капацитетот и големината на објектот, со испраќањето на понуда според барањата на клиентот, се проценува и времетраењето на целосната инсталација.

Зошто немате назначено цени на производите? Од што зависи цената на целото решение?

Енекс одговара: Во системите за греење и ладење не може да се даде точно дефинирана цена бидејќи секој објект си има свои различни барања и капацитети. За да не се дозволи погрешно упатување на клиентот во однос на инвестицијата и погрешен избор на опрема, секогаш се препорачува директна средба со инвеститорот, снимање на објектот пред подготовка на понуда.

Во која фаза од изградбата или реновирањето на објектите треба да се вклучи планирањето, проектирањето и нарачката на системите за греење, ладење, вентилација, третман на вода?

Енекс одговара: Најдобро е да се вклучи уште во фаза на идеен проект архитектура, со цел сите фази од архитектурата, електротехниката, термотехниката, водоводот ... да бидат усогласени и најефикасно да функционираат сите инсталирани системи во објектот. Дури и во фаза на реновирање пожелно е тим од инженери да направи проект за реконструкција на објектот за да се изнајде оптимално решение. 

ЧПП

Совети за подобрување енергетска ефикасност

  1. Со мали чекори и промени на навиките до ефикасно ладење во домот

  • Изолацијата на домот е важна за зачувување на температурата – кога ќе се олади домот навечер, затворете ги прозорците и вратите.

  • Клима уредот наместете го помеѓу 24-27 степени, со зголемување на температурата за само 1 степенштедите 10% енергија за ладење.

  • Затворете ги ролетните и не дозволувајте да влезе сонце во просториите. Заштедата на трошоци заладење на овој начин може да биде до 15%.

  • Побарајте енергетски ефикасно решение за ладење од www.eneks.mk

  2.  Неколку совети да заштедите енергија во зима:

  • Заштитете го домот од провев и излегување на топлината – особено обрнете внимание на заштита на прозорците и надворешните врати, доколку е потребно дополнително изолирајте го домот од подрумските и таванските простории од кои се шири студен воздух.

  • Студениот воздух може да доаѓа и од несоодветно изолирани инсталации како приклучоци за струја, вода, телевизија – па запечатете ги и малите дупки со пена или друга изолација. 

  • Затворајте ги вратите на собите кои не ги користите. На тој начин ќе ја намалите површината која се грее.

  • Користете термостат и прилагодете го греењето на вашата дневна рутина – грејте го домот само когасте дома.

  • Сменете ги апаратите за домаќинство со енергетски ефикасни, а за осветлување користете ЛЕД светилки.

  • Побарајте енергетски ефикасно решение за греење и ладење на вашиот дом, побарајте ги опциите за користење на соларна енергија – можеби првичната инвестиција е поголема, но на долг рок носи добивка и заштеда, при што ја задржувате удобноста во целиот дом. 

  3. За ефикасно греење на домот освен квалитетни и енергетско ефикасни системи за греење (види www.eneks.mk), важно е да се намалат загубите на топлинска енергија. Постојат повеќе мерки што може да се преземат како во просториите што се греат, така и на грејната инсталација во и надвор од просториите на греење:

  • Целосна изолација на објектот - со примена на термоизолациска фасада и прозорци со висока енергетска ефикасност. Оваа мерка е најдобра затоа што обезбедува заштеда на топлинска енергија и до 40%, бара поголема инвестиција, но обезбедува доживотна заштеда на топлина и соодветно на долг рок е високо исплатлива.

  • Парцијална изолација - доколку потрошувачот не може да ги сноси високите инвестициски трошоци за целосна изолација, постојат и поединечни мерки за заштеда на топлина, кои имаат помал ефект од аспект на енергетска ефикасност, но и се значително поевтини, како што се: заптивање на надворешните прозорци, изолирање на топлинските мостови (неизолирани делови од објектот, изложени на надворешни услови) или поставување наменска изолација зад радијаторите може значително да ја намали топлинската загуба преку надворешните ѕидови.

  • Дополнително, со изолација на цевководите во подрумските простории и влезовите се овозможува заштеда на топлинска енергија и поголема енергетска ефикасност што влијае и врз комфорот во објектот што се грее.

  • Важно е да не ги покривате радијаторите или другите грејни тела со маски, мебел, алишта или со тешки завеси затоа што со тоа речиси секогаш се спречува нормалното струење на топлиот воздух, а со тоа се намалува неговиот учинок.

  4. Високите цени на струјата, неизвесноста за снабдување, високите цени на другите енергенси ве натераа да размислите да вложите во реновирање на системот за греење и ладење во вашиот дом? Топлинската пумпа на австрискиот производител iDM е вистинското решение!

  • Вашиот стар систем за греење со нафта или гас мора да замине и барате алтернатива? Дојдовте на вистинското место. Ние во Енекс ви нудиме топлински пумпи, кои не само што ја штитат околината, туку и вашиот буџет. И бидејќи нема процес на согорување, емисиите на CO2 се за 90% помали отколку со греење со нафта и гас. Ова ја прави употребата на топлинска пумпа многу одржлива за иднината.

  • Топлинската пумпа на iDM ефикасно ја користи енергијата на водата, земјата, воздухот и сонцето и ја користи за загревање на објектите, за загревање на санитарна топла вода и ладење на вашите простории.

  • Инвестиција која секако носи добивка.

  5. Зошто бизнисите треба да користат системски, енергетски ефикасни решенија од обновливи извори за греење, ладење, вентилација? Придобивките се бројни:

  • Заштеда на трошоци за електрична енергија и енергенси,

  • Комфор на вработените/ гостите/ клиентите,

  • Зголемување на профитабилноста,

  • Се штити животната средина и се намалува влијанието кое го има компанијата врз климатски промени,

  • Зголемување на конкурентноста, особено на пазарите во Западна Европа каде е важно компаниите да ја следат „Зелената агенда“,

  • Се зголемува вредноста на самите објекти и на самиот бизнис,

  • Се намалува влијанието врз бизнисот од движењето на цените на енергенсите врз работењето на компанијата – има енергетска независност,

  • Одлична тема за промотивни активности на компанијата во насока на обезбедување на одржливост и општествено одговорно работење. 

  6. Нашите продукти го прават вашиот дом енергетски ефикасен преку користење на обновливи извори на енергија. Поволните кредитни линии, достапните субвенции и долгорочните заштеди се причина плус да ги разгледате Eко - Kредитите. 

  • Производителите на топлински пумпи iDM и на соларни панели Sonnenkraft кои може да ги најдете во Енекс се наоѓаат на листата на прифатливост за субвенционирање до 20% од програмата Green Economy Financing Facility (GEFF) поддржана од EBRD. GEFF во нашата земја им помага на домаќинствата да инвестираат во високо ефикасни технологии со обезбедување на финансиски средства преку локални банки партнери во Програмата. 

  • Почетната инвестиција во овие системи можеби е повисока, но го решава проблемот со греење и ладење за наредните генерации, значително ги намалува месечните трошоци за греење, нуди поголема удобност на домот, а и ја зголемува вредноста на вашиот објект. https://ebrdgeff.com/.../heat-pumps-enjoy-a-comfortable.../

  7. Едно од често поставуваните прашања се дали и како се чистат сончевите колектори?! Енекс советува:

  • Доколку живеете во незагадена околина и сончевите панели се поставени под агол, природата ќе го направи своето и дождот и ветерот се доволни за да се исчистат.

  • Сепак доколку се таложат прашина и лисја за поголема ефикасност на сончевите панели важно е да ги чистите редовно – со долга мека четка или со млаз вода.

  • Доколку се непристапни можеби ќе треба да ангажирате и професионален сервис.

  • Најголем непријател на сончевите панели е изметот од птиците, затоа избегнувајте да ги поставите во непосредна близина на дрва – така ќе ги заштитите и од лисја и од птици.

  8. Реновирањето на домот не подразбира само боење на ѕидовите и купување на ново парче мебел, реновирањето подразбира создавање на услови за идеална атмосфера – за идеална температура во домот и зиме и лете. Затоа кога размислувате за реновирање – најпрвин подобрете ги енергетските карактеристики на вашиот дом:

  • Одберете добра изолација за надворешните ѕидови,

  • Одберете прозорци и врати кои обезбедуваат совршена изолација,

  • Не штедете на изолација од таванските и подрумските простории 

  • Одберете енергетско ефикасно решение за греење, ладење и топла вода.

  • За вас го нудиме целиот асортиман на австрискиот производител на топлински пумпи iDM за да ви обезбедиме оптимална температура во сите простории и плаќање на минимални средства за електрична енергија во текот на годината.

  9. Домаќинствата и компаниите кои произведуваат струја од обновливи извори на енергија ќе можат да ги продаваат вишоците на пазарот - ова е предвидено со измените и дополнувањата на Правилникот за обновливи извори на енергија (https://www.ea.gov.mk/.../2022/06/pravilnik-za-oie-22.pdf), со кои се предвидува производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка. 

До сега инсталираната моќност на фотонапонските електрани беше четири киловати за домаќинствата, а сега е зголемена на шест киловати. За малите потрошувачи беше 20 киловати, а сега е зголемена на 40 киловати. Ова значи дека граѓаните и правните лица ќе може да произведуваат електрична енергија од обновливи извори на покривите на своите домови, произведената струја да ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот од произведената електрична енергија да го продадат.

Проверете ги решенијата за обновливи извори кои ги нудиме ние во Енекс Гроуп Инженеринг – проектирање и изведба на фотоволтаик до клуч на рака од реномирани германски брендови - Sonnex Energie, Kaco, Kioto, Sflex. 

  10. BWT системите за омекнување на вода се идеални за индивидуални куќи или домови и обезбедуваат совршена вода за целиот дом. Водата третирана со омекнувачите на вода на BWT носи бројни придобивки

  • Меката вода е нежна на сè што ќе допре: алишта испрани во мека вода се свежи, чисти и меки. Крпите стануваат меки и воздушести. Белите алишта ја задржуваат белината и не посивуваат. Приборот за јадење и садови добиваат вистински сјај. 

  • Цевките а со тоа и уредите, плочките, апаратите за домаќинство, кетлерите, апаратите за кафе, грејачите и бојлерите се ефикасно заштитени од каменец. Ова значи помала потрошувачка на енергија, подолг животен век на апаратите и долготраен сјај.

  • Намалени трошоци за енергија и помалку трошоци за детергенти за миење и чистење, кои го штедат буџетот на домаќинството, а истовремено ја зачувуваат животната средина.

  11. Поставувањето на соларни панели и производството на енергија за домаќинството или за бизнисот, дури кога се работи и само за користење за затоплување на вода има бројни придобивки за сите чинители во ланецот на обезбедување и потрошувачка на електрична енергија:

  • За корисниците – домаќинства или бизниси – се намалуваат месечните трошоци за електрична енергија, се зголемува одржливоста и вредноста на објектот, се намалува зависноста од тоа дали има доволно струја за греење или ладење.

  • За енергетските компании – се намалува притисокот врз енергетската мрежа и потребата од скап увоз на електрична енергија.

  • За националните власти – колку повеќе домаќинства и бизниси сами произведуваат електрична енергија од обновливи извори, толку повеќе грижата за обезбедување на енергија се намалува, се намалуваат давачките за увоз, се стимулира одржливоста и заштитата на животната средина.

Совети за подобрување енергетска ефикасност
bottom of page