top of page

Вработуваме!

Специјалист инженер за монтажа и одржување

 

Енекс Гроуп Инженеринг повеќе од 12 години во Македонија воведува иновативни и ефикасни решенија за греење, ладење, вентилација и третман на вода, со максимално искористување на обновливи извори на енергија (земја, вода, воздух, сонце).

Со проширување на нашите операции во Македонија, Косово и Албанија, го отвараме конкурсот за позиција:

 

We're-2.png

👉Специјалист инженер за монтажа и одржување на системи за греење и ладење, третман на вода и грижа за клиенти.

👤  Потребен профил

- Машински или Електро инженер (со или без работно искуство).

🔧  Главни одговорности

- Мониторинг на системите и дијагностика на аларми преку мониторинг платформа.

- Контакт со клиенти и партнери за оптимизација на системите.

- Извршување увид на објект по повик, согласно дефинираните политики на компанијата.

- Подготовка на решение со цртеж и спецификација, како и сервисирање на опремата.

- Контрола на инсталацијата и пуштање во работа на системи и поврзување на електрично

напојување и автоматика.

- Изработка на анализи за заштеда и оптимизација на потрошувачката на енергија.

- Потпишување договори со клиенти за мониторинг и редовно одржување.

🛠  Потребни вештини

• Високо образование: Машински или Електро-технички факултет.

• Познавање англиски јазик, работа со компјутери, AutoCAD (основно).

• Возачка дозвола Б категорија.

• Предност: искуство со системи за греење/ладење, читање шеми, автоматика, машински

системи.

• Комуникациски вештини, мотивација, позитивен став и тимски дух.

🎓 Што нудиме

• Менторство, тренинзи и специјализирани обуки (топлински пумпи, хидраулични и

електрични шеми, соларни системи, фотоволтаика, третман на вода).

• Континуиран професионален и личен развој.

• Мотивирачка плата (Основна почетна плата зависи од нивото на претходни знаења и

вештини на кандидатите, минимум е 30.000 денари нето) + бонуси и стимулации според

резултатите.

• Службена опрема: униформа, алат, мобилен телефон, лаптоп.

• Работно време: понеделник–петок, 8/9 до 16/17 часот.

• Договор на определено време во траење од 6 месеци, потоа на неопределено.

 

📩 Како да аплицирате?

Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на info@eneks.mk .

Процесот е транспарентен – сите кандидати добиваат повратна информација. Интервјуата се во 3

фази.

Старт на позицијата: веднаш!

 

✨ Доколку сакате да бидете дел од тим кој создава одржливи енергетски решенија и да се

развивате во динамична и професионална средина – аплицирајте уште денес и станете дел од

Енекс Гроуп Инженеринг!

 

Вработуваме!

Јуниор проектант инженер

Енекс Гроуп Инженеринг повеќе од 12 години во Македонија воведува иновативни и ефикасни решенија за греење, ладење, вентилација и третман на вода, со максимално искористување на обновливи извори на енергија (земја, вода, воздух, сонце).

Со проширување на нашите операции во Македонија, Косово и Албанија, го отвараме конкурсот за позиција:

 

👉 Јуниор проектант инженер за системи за греење и ладење, водовод, ППЗ

 

 

👤 Потребен профил

  • Машински инженер (со или без работно искуство).

 

 

🔧 Главни одговорности

  • Изработка на: 

    • проекти за термо технички инсталации, водовод, против пожарна заштита, 

    • понуди за партнери инсталатери и инвеститори, 

    • пресметки за топлински загуби и добивки, 

    • симулации за потрошувачка на енергија,

  • Презентација на технички решенија пред инвеститор,

  • Одговорен за комуникација со архитекти и проектанти при проектирање, по потреба и во согласност, одобрение од Сениор Проектант Менаџер,

  • Одговорен за комуникација со сите производителите за технички прашања, по потреба и во согласност, одобрение од Сениор Проектант Менаџер,

  • Печатење и пакување на проектна документација,

  • Превод на брошури, технички каталози и информации, описи на опрема за понуди,

 

 

🛠 Потребни вештини

  • Високо образование: Машински факултет.

  • Познавање англиски јазик, предност дополнително познавање и на гермаски јазик, работа со компјутери, напредно познавање на AutoCAD, предност имаат кандидати кои имаат познавање во работење на BIM – REVIT.

  • Возачка дозвола Б категорија.

  • Комуникациски вештини, мотивација, позитивен став и тимски дух.

  • Лиценца за проектирање на термо технички инсталации,

 

 

🎓 Што нудиме

  • Менторство, тренинзи и специјализирани обуки (топлински пумпи, хидраулични и електрични шеми, соларни системи, фотоволтаика, третман на вода, водовод, ППЗ).

  • Континуиран професионален и личен развој.

  • Мотивирачка плата (Основна почетна плата зависи од нивото на претходни знаења и вештини на кандидатите, минимум е 30.000 денари нето) 

  • Дополнителна обука на BIM – REVIT.

  • Службена опрема: мобилен телефон, десктоп компјутер, опрема за проектирање, принтање, софтверски алатки за цртање AUTOCAD, BIM-REVIT, софтвер за пресметки греење, ладење Magic Cad, Linear, Raucad, софтвер за изработка на симулации за потрошувачка на енергија Polysun, Плотер А1-принтер ласер црно бел,

  • Службено возило за посета на објекти, архитекти, презентации кон инвеститори,

  • Работно време: понеделник–петок, 8/9 до 16/17 часот.

  • Договор на определено време во траење од 6 месеци, потоа на неопределено.

 

 

📩 Како да аплицирате?

Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на info@eneks.mk .
Процесот е транспарентен – сите кандидати добиваат повратна информација. Интервјуата се во 3 фази.

🔹 Старт на позицијата: веднаш!

 

 

✨ Доколку сакате да бидете дел од тим кој создава одржливи енергетски решенија и да се развивате во динамична и професионална средина – аплицирајте уште денес и станете дел од Енекс Гроуп Инженеринг!

 

bottom of page