top of page

Празнувајте одговорно кон иднината


Познато е дека се грижиме за животната средина и обезбедуваме решенија за греење, ладење, вентилација, третман на вода кои ви помагаат да ја заштитите и вие животната средина. Во сезоната на празнување споделуваме со вас неколку препораки како да празнувате одговорно кон животната средина:


Енергија – супер е кога светат сите сијалички и ако користите соларна енергија или лед сијалички чекор поблиску сте да заштедите енергија. Сепак, кога одите на спиење изгаснете ги светилките. Доколку користите топлинска пумпа немате проблем со сметките за струја, но прилагодете го режимот на греење на тој начин што ќе ги греете просториите кои ги користите, а не и оние кои ќе останат празни во текот на празниците.


Вода и пијалаци – во текот на прославите не заборавајте да се хидрирате со вода, но не купувајте пијалаци во неповратна пластична амбалажа. Водата од чешма која е филтрирана и минерализирана е одлична можност да ја поштедите природата од непотребната пластика. Инвестирајте веднаш во систем за филтрација на вода, како оној на BWT www.cleanwater.mk.


Храна – не претерувајте со купување и готвење на храна, а секако не ја фрлајте. Купувајте храна од локални производители, за која и е потребно помалку транспорт. Вишокот на храна употребете го подоцна за некој интересен рецепт или донирајте го на организации кои ќе ја дистрибуираат храната кај оние на кои им е најпотребно, на пример како https://www.facebook.com/ljubeznost .


Подароци – одберете подароци од локални мали производители за да ги поддржите малите бизниси, занаетчии и жените претприемачи. Подароците виткајте ги во еколошки пакувања, рециклирана хартија и научете некоја нова техника за виткање без употреба на лепаци. Добра идеја е да ги завиткате подароците во стара хартија, стар весник.


Декорација – вештачки елки купувајте само ако планирате да ги користите повеќе од 10 години. Ако купувате природно дрво внимавајте да биде со корен за да може да го засадите потоа или да биде од одгледувачи кои постапуваат одговорно кон шумите. Користете украси изработени од отпаден материјал или украси кои ќе ги оставите во наследство и на идните генерации. Платените салвети изгледаат и поубаво и поелегантно од хартиените, па обидете се да зачувате некое дрво користејќи платнени салвети.


Облека – размислете дали ви е потребен уште еден фустан кој ќе биде облечен еднаш. Разговарајте со вашите пријатели и видете дали може да размените облека за да не создавате непотребно отпад од текстил.

Поврзете се со природата: празничната сезона е време за со пријателите и семејството. Обидете се една од вашите празнични активности да биде прошетка низ вашиот локален парк или било каде во природа. Добро е за вашето здравје, за разбистрување на умот, а доколку соберете патем и некој отпад или пластично шише и да го го фрлите во определеното место – правите чекор повеќе и за природата.


Чувството дека правите добро за идните генерации нека биде мотив плус да празнувате одговорно кон природата.


Среќни празници ви посакува тимот на Енекс Гроуп Инженеринг.

bottom of page