Едно од често поставуваните прашања на станари кои живеат во згради со повеќе станови, а кои не се поврзани со централно парно греење е како да го реновираат системот за греење, вообичаено на струја за да добијат енергетски ефикасно и економично греење. За сите станови во зградата или за еден стан поединечно, постојат решенија, а експертите од Енекс се тука за да ви помогнат да го најдете идеалното решение според вашите потреби и да ја завршат целата работа – од проект до клуч на рака со врвни решенија и топлински пумпи од iDM, произведени во Австрија.
Замената на конвенционален систем за греење, кој е енергетски неефикасен и термички неудобен, со топлинска пумпа, е сосема техно-економски оправдано за станови во кои нема централно греење од топлификација. За веќе инсталирани грејни радијатори со далечинско греење, решението за енергетски ефикасно и исплатливо греење, треба да се реши во самите извори на енергија во топлификација!
За сите останати станови, се препорачува решение со топлинска пумпа воздух вода, сплит систем со вграден бојлер за санитарна топла вода (iPump A) и на тој начин се решава греење, ладење и санитарна топла вода. Доколку комплетно се реновира стан, со нова кошулица, се препорачуваат површински системи како подно греење/ладење и дополнително ѕидно или таванско греење/ладење, при што се обезбедува врвен топлински комфор во станот и се овозможува топлинската пумпа максимално ефикасно да работи. Доколку сопственикот на станот не е подготвен за поголемо реновирање, решение е да се монтираат парапетни фенкојлери, со развод од т-парчиња со водење на инсталацијата на позиции кои најмалку ќе влијаат на ентериерот. Дополнително, за санитарната топла вода, неопходно е да се направи централен развод до внатрешната единица на топлинската пумпа!
За помали згради, кои локациски се наоѓаат со изобилство на бунарска вода, постојат компактни внатрешни единици (iPump T), кои може да се монтираат во секој стан, а централно да се направи развод со заедничка бунарска пумпа. Благодарение на годишната стабилна температура на бунарската вода, овие системи скоро дупло се поефикасни од воздух вода системите и се препорачуваат за сите локации со бунарска вода со длабочина на бунарот до 30 m.
Побарајте нé за понуда и повеќе информации contact@eneks.mk .
コメント