top of page

Не заборавајте да вклучите инженер за термо-техника во самото планирање и проектирање на новоградба


Доколку планирате да градите нов објект, не заборавајте да вклучите и инженер за термо-техника уште во самата фаза на проектирање, за да се избере најдоброто решение за греење, ладење, но и да се предвидат потребните статики н аобјектот и напојувања со енергија, простории за опрема, изолација, поврзувања.

Односно, за компетно нов објект неопходно е инженерскиот тим од сите фази да работи заедно и усогласено со цел сите изведени системи да функционираат како едно заедничко оптимално решение.

За врвно функционирање на термо-техничките системи, прво е најважно да се усогласи енергетската класа на објектот, во согласност со архитектот да се избере најсоодветна изолација и прозори со најоптимален коефициент на топлино-предавање. На овој начин, не само што не се предимензионира термо-техничката опрема непотребно, туку се намалува и потрошувачката на електрична енергија, бидејќи тоа е и директно условено од дозволените електрични оптоварувања и можности за инсталирање на електрични броила во објектот. Ова е едноставен пример колку е само важно за сите елементи во изведбата на еден објект да се направи стручна експертиза во самиот процес на проектирање.


Понатаму, откако основните појдовни цели се дефинирани, се прави избор на инсталираната опрема која ќе работи најштедливо и ќе обезбеди најдобар термички комфор во објектот и врвно задоволство на крајниот корисник. Кога се прецизно е дефинирано во сите фази на проектите, може едноставно да се пресмета буџетот, исплатливоста на инвестицијата, како и времетраењето на комплетната изведба на објектот до примопредавање.


Пожелно е проектите да содржат и план за одржување и преглед на трошоци за одржување на проектираниот систем во иднина. На овој начин се добива комплетна слика за ефикасноста на системот, очекуваниот поврат на инвестицијата и се добива можност за организација на активности, неопходни со цел за тековно одржување и спречување на било какви хаварии.


Богатото портфолио на Енекс Гроуп Инженеринг за енергетски ефикасни решенија за греење, ладење, топла вода, третман на вода, соларни системи во ново-градби и задоволните клиенти се причина повеќе да нѐ одберете за ваш партнер и експерт за термички системи. Ве чекаме.

bottom of page