top of page

Целосен фотоволтаичен систем на деловен угостителски објект за енергетска независност

Согласно ситуацијата со променливите цени и непредвидливото непречено снабдување со електрична енергија, инвестицијата во фотоволтаичен систем е сосема техно-економски оправдана за сите деловни и приватни објекти. Производството на електрична енергија со обновливи извори на енергија, не само што не ја загадува животната средина, туку и овозможува независност на објектот, како и можност за заработка преку продажба на вишокот произведена енергија од системот во електро дистрибутивната мрежа на локално и меѓународно ниво. Системот обезбедува непречено функционирање во период од најмалку 25 години, со намалување на ефикасноста на системот од само 0,7% на годишно ниво. Повратот на инвестицијата изнесува 2-3 години, со минимално предвидени идни трошоци за одржување на истиот, бидејќи потребни се само визуелни проверки и чистење на панелите. Дополнително со примена на батериисо хибриден инвертер, системот нуди можност за подобрување на ефикасноста на системот со зголемување на сопствената потрошувачка како и можност за непрекинато напојување на одредена група потрошувачи во случај на прекин на снабдувањето од мрежа (backup).

За нашиот клиент изработивме целосно

решение на фотоволтаичен систем. На сликата може да се видат панели на инсталиран систем од 48.79 KW, со монтирани панели од моделот SNX DP 54 HP, од германскиот производител Сонекс.









Панелот има ефикасност од 21,23 %, максимална моќност до 415W и 20 години гаранција. Применети се држачи за лим од германскиот прозводителот S Flex, кои обезбедуваат сигурност и едноставна монтажа на инсталатерот.



Системот се состои и од хибриден инвертер Fronius GEN24 Plus, кој претставува совршено срце за фотоволтаични системи. Fronius GEN24 Plus со својата PV точка обезбедува основно резервно напојување, како и целосно резеврно напојување со употреба на батериски систем.


Хибридниот инвертер Fronius GEN24 Plus овозможува енергетска ефикасност со управување на вишокот произведена енергија складирајќи ја во батерии или активирајќи уреди за греење, ладење и е-мобилност. Ова значи дека Fronius GEN24 Plus со целосен Backup има решение за резервна моќност што може да снабдува 3-фазни потрошувачи, како што се топлинските пумпи. Уште повеќе, технологијата Multi Flow на хибридниот инвертер овозможува паралелни текови на енергија во системот, дури и во режим на резервно напојување.

Останатите инвертери со категории на моќност кои се движат од 3,0 до 20,0 kW, Fronius Symo без трансформатор се трофазни инвертери за секоја големина на системот. Благодарение на дизајнот SuperFlex, Fronius Symo е совршен одговор на неправилна форма или различни ориентации на покривот. WLAN или Ethernet интернет конекцијата како стандард, плус лесната интеграција на компоненти од трети страни го прават Fronius Symo еден од најкомуникативните инвертери на пазарот. Понатаму, интерфејсот на мерачот овозможува динамично управување со повлекување и јасна визуелизација на потрошувачката.

Вишокот енергија за нашиот клиент се складира во батерии BOX HVM, соодветни за акумулирање на енергија со висок капацитет. Највисока ефикасност се добива благодарение на високо напонските поврзувачки серии. Патентираниот модуларен систем на поврзување не бара потреба од внатрешно врзување и овозможува максимална флексибилност и едноставна примена. Изработена од литиум железен фосфат, со што обезбедува максимална сигурност, работен век и моќност.


Доколку имате дилеми околу поставување на фотоволтаична централа и систем на вашиот објект, побарајте нѐ за совети и препораки на contact@eneks.mk . Подгответе го вашиот бизнис или вашето семејство за иднината со брз поврат на инвестицијата.









Comentarios


bottom of page