По изработка на целосен проект за термотехника, со изработен предмер и целосен преглед на инвестицијата, корисно е да се изработи техноекономска анализа, за да се види исплатливоста на системот и повратот на инвестицијата.
Оваа анализа му користи и на изведувачот на објектот, на крајниот корисник/клиент, а може да послужи и како информација на глобално ниво за обезбедување на доволно количество на енергија. Конкретно за даден објект крајниот корисник има во целост информација за вредноста на системот, гарантни рокови, планирани трошоци за одржување, како и работниот век на опремата.
На овој начин може да се испланира долготрајноста на системот, да се предвидат очекуваните перформанси, предвиденото стареење на системот и да се увидат можностите за превенција.
За анализата да биде прецизна/поверодостојна пожелно е во анализата да учествува и експерт за финансии кои добро ги познава стапките на инфлација и други економски показатели кои укажуваат на ефикасноста на системот или пак на можностите за профит доколку термотехничкиот систем се користи за комерцијални цели.
Comentarios