top of page

Фотоволтаичен систем за вашиот дом или компанија по принципот „клуч на рака“



Обезбедувањето на енергетска независност и заштеда на трошоци може да биде едноставно, доколку го одберете вистинскиот партнер за изведба на решение за фотоволтаичен систем согласно вашите потреби. Во Енекс ви нудиме целосно решение по принципот „клуч на рака“.


Целосната постапка за проектирање и изведба на фотоволтаичен систем со моќност до 6 KWp за физички лица и до 40KWp за правни лица изгледа вака:

  1. Подготвуваме понуда согласно вашите потреби, барања и техничката можност на самиот објект.

  2. По прифаќањето на понудата од ваша страна склучуваме договор.

  3. Се пристапува кон детален увид на терен за да ја утврдиме точната можност и условите за инсталирана моќност на централата, како што се достапна површина на покривот од објектот, техничка можност за приклучок, енергетска согласност,

  4. Следува фаза на комплетирање на потребната документација согласно законските норми (имотен лист, извод од ДУП, тековна состојба за правни субјекти, овластување, проектна задача)

  5. Паралелно ја започнуваме изработката на проектот во кој се вклучени фаза архитектура, електрика и статика со ревизија. Важно е да се напомене дека за системи до 6 KWp за физички и до 40KWpза правни лица не е потребно изработка на статика со ревизија.

  6. За системи со инсталирана моќност над 40KW на инвертерите го поднесуваме проектот во матичната општина од каде добиваме решение за изведба. За системите од 6 KWp до 40KWp не е потребно ова решение.

  7. Следува фазата на изведба и поставување на системот – панели, инвертери, броило, вклучувајќи и конструкција, електрика, поврзување, тестирање на системот,

  8. Потоа се врши контрола на мерно место од страна на ЕВН и се врши промена на броило доколку броилото е еднонасочно (системот може да се приклучи на дистрибутивната мрежа и да се пушти во работа со feed-in лимитација. Односно, со помош на броилото, (smart meter кој комуницира со Datalogger) се мери потрошувачката. Dataloger-от управува со производството на инвертерите односно динамички го ограничува производството согласно потрошувачката. На тој начин не се дозволува енергија да протече мрежата на ЕВН.

  9. За системи со инсталирана моќност над 40KW, Енекс посредува за Вадење лиценца за производител за системи која ја издава Регулаторна комисија за енергетика.

  10. По завршување на работите, фотоволтаичната централа се пушта во работа, а Енекс го подготвува договорот со снабдувач на електрична енергија за откуп на вишокот енергија. Имаме непосредна соработка со компанијата ЕДС, но ги вршиме работите и договараме и со снабдувач по ваш избор.


Времетраењето на целата постапка зависи од изборот на продукти, инсталираната моќност заради потребните дозволи и решенија, но во просек за целосно завршен проект од потпишување на договор до пуштање во употреба за систем со моќност до 6 KWp и до 40KWp потребни се 6 недели. Заради големата побарувачка на фотоволтаични системи, панели и инвертери, како кај нас во земјава, така и во Европа доколку се одбере опрема која ја нема на залиха овој период се продолжува за три до четири недели.

Не чекајте, побарајте нѐ за совет и целосно решение и изведба. Влезете во иднината уште денес – contact@eneks.mk

Фотографиите се од изведбата на објекти на Енекс Гроуп Инженеринг.

Придобивките од користењето на фотоволтаични системи се бројни: добивате независност од енергетскиот систем, ги намалувате трошоците за енергија, го намалувате вашето влијание врз климатските промени, вашиот бизнис станува одржлив и одговорен, добивате повеќе можности за учество во проекти, вашите производи стануваат поконкурентни на европските пазари.... Инвестицијата во фотоволтаичен систем е инвестиција во идни технологии кои нема да застарат.


Comments


bottom of page