top of page

Целосно решение од Енекс Гроуп Инженеринг за реновирање на големи деловни објекти


Реновирањето на голем деловен објект бара ангажман во сите фази на проектирање, архитектура, статика, термотехника ... со цел правилно димензионирање на опремата во согласност со можностите кои ги нуди веќе постојниот објект. Реновирањето е далеку покомплицирано отколку да се изгради сосема нов објект и токму затоа мора да се внимава на сите детали пред да се пристапи кон проектирање на новата опрема. Од аспект на термотехниката важно е да се задоволи енергетската класа на објектот, во согласност со правилникот за енергетска ефикасност и условите за монтажа на соодветна изолација.


Во затворен простор каде што работат повеќе лица или во сала за состаноци, освен комфорно и ефикасно греење/ладење на просторот, неопходно е и да се вентилира воздухот. Свежиот воздух придонесува за попријатно чувство и подобри услови за концентрација во работењето, односно похигиенски услови и зголемен термички комфор во просторот.


Бројот на измени на воздух за вентилација се одредува според бројот на лица присутни во просторот или според постојните стандарди за класа А или Б на објектот. Сето тоа се прави со цел да не се предимензионира системот за вентилација и да биде економски неоправдан.


Идеално решение е во објектот да има комбиниран систем со подно греење, вентилација со рекуператор и извор на енергија со топлинска пумпа. На овој начин обезбедуваме континуирана измена на воздух во просторот, без загуба на топлинска енергија во просторот благодарение на рекуператорот во единицата за вентилација, кој начесто има степен на ефикасност од 65% па нагоре.


Подното греење дефинитивно е најкомфорен начин на греење, кое обезбедува најпријатно чувство во просторот. Просторот секогаш рамномерно се загрева и се обезбедува потребна температура токму во онаа зона во која се движи или престојува човекот. Освен пријатното чувство, подното греење заради нискотемпературниот режим на работа е идеален за ефикасно функционирање на топлинската пумпа. Во режим на ладење, инсталацијата за подно греење може да се користи и за ладење. Системот за вентилација исто така може да лади, но има периоди во текот на летото кога добивките на топлина се поголеми од капацитетот на ладење на подното и вентилацијата, така што најчесто неопходно е и друг систем за доладување во објектот. Доколку објектот дозволува дополнителен површински систем за ладење (ѕидно или таванско ладење), се препорачува избор на ваков систем за да имаме поефикасен систем во целина. Доколку нема услови за монтажа на површински системи, може да се изберат фенкојлери, парапетни, плафонски со маска или без маска во зависност од дизајнот на архитектот. Имајќи во предвид дека секој 1 степен на температурна разлика претставува 12-15% повеќе енергија, секогаш се трудиме системот да го сведеме на минимална потрошувачка, а воедно да добиеме врвен топлински комфор во објектот, задоволувајќи ги сите хигиенски потреби и минималните барања на важечките стандарди за проектирање.

Во големите комерцијални објекти или канцеларии најчесто нема потреба од санитарна топла вода. Во хотелите и рестораните има поголеми барања за санитарна топла вода за потребите на кујните, рестораните, спа центрите и сл. содржини во објектот. Топлинската пумпа може да произведува и санитарна топла вода како прв приоритет, а потоа да ги задоволи и потребите за греење/ладење во објектот. Топлинската пумпа ги загрева или лади баферите во машинската сала, така што нема ситуација да не се задоволат потребите за санитарна топла вода, греење, ладење или вентилација во моментот.


Во деловен објект, за истиот да биде ефикасен во целост со сите системи во склоп со термотехниката, неопходна е и квалитетна регулација и контрола на сите параметри, преку добро поставен БМС систем. Без добра автоматика и најквалитетната опрема нема да го даде својот максимум и затоа се препорачува пред реновирањето инженерите заедно да работат и да ги усогласат сите циклуси во објектот за да функционираат во најекономичен режим, обезбедувајќи врвни услови за престој во објектот.


Без разлика дали се работи за поголем деловен објект, индустриски капацитет или хотел, Енекс Гроуп Инженеринг е тука за да ви понуди врвно решение.


bottom of page