Често се прашувате која е идеалната температура за престој или работа во една просторија? Зошто некогаш и кога е добра температурата ни пречи влажноста или сувиот воздух? Дали и колку често треба да проветруваме за да го смениме воздухот во просторијата? Што ако е надвор загадено?
Вентилацијата во објектите е клучна за да обезбеди постојана замена на отпадниот воздух од просторијата со свеж воздух од надворешната средина за да се одржат потребните хигиенски услови неопходни за здрав и пријатен престој на луѓето. Ова е особено важно во простории во кои работат поголем број на луѓе или има поголема фреквенција на движење.
Улогата на вентилацијата е и да го загрее воздухот доколку е потребно, да ги отстрани вишокот на влага и штетни гасови од просторијата и да го лади воздухот во летниот период.
За удобно живеење и зачувување на здравјето и целосниот работен капацитет на луѓето, важни се следните препораки:
· Температурата на воздухот во зима во просториите треба да биде 21 ± 1 °C. Во лето, пријатните температури се помеѓу 24 и 26°C;
· Удобна релативна влажност се движи од 40% до 50% во зима и 50 ± 5% во лето. Вредностите под 30% се медицински непожелни, бидејќи резултираат со сушење на дишните патишта кај луѓето;
· Брзината на протокот на воздух во областа каде што престојуваат луѓето треба да биде од со 1,5 до 2m/s.
Во зависност од големината на просторот, ориентацијата, типот на работата, бројот на луѓе кои престојуваат во просторијата, како и енергетските карактеристики на градежната структура на објектот, изработуваме целосни проекти за оптимални решенија за климатизација и вентилација во вашата фирма или вашиот дом.
Ние во Енекс нудиме целосни решенија за климатизација, вентилација и одвлажнување на просторот без разлика на големината. Соработуваме со врвни европски брендови за:
· Вентилоконвектори од Galletti Италија и Actionclima од Италија
· Одвлажнувачи од Hidew - Италија
· Рекуператори од KOMFOVENT, Литванија
Препорачуваме да нѐ контактирате уште во процесот на планирање на градба на нов објект или при реконструкција на системите за вентилација.
Повеќе за производите и решенијата https://www.eneks.mk/produkti
Comentários